Колумна: Египќаните во Македонија, со надежи во Иванов и Бакрачески

Драги мои, денес  над 30.000 Египќани, припадници на еден автохотон, автентичен и посебен етникум, се чувствуваат „уморни“, од децениското трпеливо, но и културно/ манифестирана/ лојалност, кон институциите на системот.  Тој дискурс, на такво однесување, на припадниците на етничката заедница на Египќаните во Р.Македонија, во една парламентарна демократија и едно мултиетничко, мултиконфенсиално, мултикултурно општество, во краен случај вреди да се поздрави, но за жал, токму таквото етичко етаблирање на Египќаните не вроди со плод за адекватна, праведна и соодветна застапеност, на припадниците на етничката заедница на Египќаните, во институциите  на системот.…

повеќе...

Писмо: Радиодифузна или радиоконфузна такса!?

Денес ми стигна „честитка“ – сметка за радиодифузна такса за месец јануари 2014, со рок за плаќање до 15 февруари 2014. На сметката јасно се гледа дека печатот за испраќање е „удрен“ на 20 февруари, значи цели 5 дена покасно од предвидениот рок за плаќање. И убаво си пишува дека на износот што нема да се плати во пропишаниот рок се пресметува и наплатува камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување. Ова ми звучи како намерно задоцнување, да се доцни што е можно повеќе денови, за каматата да…

повеќе...

Колумна: ВМРО-ДПМНЕ е природен сојузник на Египќаните во Македонија

 Драги мои, ако се потрудиме да направиме една ретроспектива на политичката активност на припадниците на еден автохтон и автентичен етникум, како што се над 30.000 Египќани во Р.Македонија, слободно можеме да констатираме дека Египќаните во Македонија, во континуитет ја имале поддршката од страна на политичкиот субјект ВМРО-ДПМНЕ, со десничарска политичка ориентација. Таквата искрена, коректна и пред се и над се пријателска компонента, во односите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и припадниците на етничката заедница на Египќаните во Македонија, започна уште во 1997 година, кога се интензивира со доаѓање на власт на ВМРО-ДПМНЕ во…

повеќе...

Писмо од професор Мулиќ од БиХ до градоначалникот на општина Охрид Бакрачески

Професор Сулејман Мулиќ од БиХ, до редакцијата на WebOhrid  испрати допис во коj стои: Почитуван господин градоначалник, Со години патуваме на разни дестинации ширум светот, но кога во јули 2013 година, од Тузла, БиХ, дојдовме во Охрид и го откривме хотелот „Ривиера“, нашите патувања се сведоа овде, во Вашиот, но и наш град Охрид. Од јули до декември 2013 година дојдовме пет пати, секој пат поминувавме околу 1800 километри, од Тузла до Охрид и од Охрид до Тузла. Она што нас постојано не привлекува во хотел „Ривиера“ првенствено се прекрасните, љубезни…

повеќе...

Свети Трифун или Свети Валентин прашање е сега !?

 Љубов и вино и во песните е добра комбинација, Св.Трифун или Св.Валентин се слават на ист датум. Во православниот свет се празнува Св.Трифун како заштитник на лозарите, а во католичкиот свет Св.Валентин како ден на вљубените.  Како дете се сеќавам на моментите кога татко ми го закројуваше лозјето во чест на Св.Трифун. Тоа навистина беше свечен чин. Достоинствено со молитва кон Бога за подобар род.  Не знаев за празнувањето на Св.Валентин кој полека ни го наметна западната култура. Црвени плишани срциња и мечиња, чоколади, картички со љубовни пораки се подаруваат…

повеќе...

Колумна: Парадокс на вистината

 Драги мои, сите ние, како човечки битиа, денес живееме во време, кое изобилува со една максимална динамичност, време кое изобилува со многу парадокси, нелогичности, како да се спуштила завесата на маглата, од која не може да се ѕирне во битието на вистина, живееме во време, според Хегеловата претпоставка „Секој против Секого“ кога добрите, позитивни  работи, кои предизвикуваат насмевка, доза среќа и радост на граѓанството, но и на поширокиот опиниум, било тоа да е лоциран во домашените туристи  или оние  странските, кои по подолг временски интервал, и со многу труд и…

повеќе...

Празнична песничка

Ете бидна Бадник, Божик, на сите Бог нек ни поможит. По нив идет Стара Нова, шо да прајш, да славиш морат. За Водици крст се фрлат, скокет луѓе во мраз вода. Дупнат чорап, нозе камен, ракивче на стомак гладен. Крстот ќе дојт пак во Варош, ќе не пцует цел народ. Ај кј и да е ќе дојт и лето, ете ти го и Скопјето. А до тогаш зима пуста, имат дури и магла густа. Кајче веслам, со весла мафтам, е не, низ чаршија ќе се пафтам. Кј да одам, морам…

повеќе...

Колумна: 2014 – година да се биде или не за Египќаните во Македонија

 Драги мои, сите ние, како човечки битиа, ги броиме последните денови на годината, која полека, но сигурно, не отпоздравува и се разделува со сите нас, притоа ни го приредува последниот танц со неа, за некои  проследен како „танцот со ѕвездите“, а за некои како последен танц со темнината.  Традиционално, при крајот на секоја година, сите ние, резимираме што сме направиле, дали и до кое ниво сме ги реализирале поставените цели и приоритети, дали сме во насока на позитивно остварување, или пак се движиме  во надолна линија или пак тапкаме на…

повеќе...

Колумна: Охридскиот Рамковен ​Договор како „да не важи“ за Египќаните во Македонија​

 Драги мои, после 12 години, изминати од потпишувањето на Охридскиот Рамковен Договор, за жал, денес слободно можеме да констатираме дека истиот не даде никакви интегрирачки елементи за етничката заедница на Египќаните во Република Македонија. Секоја анализа во процесот на спроведување на Охридскиот Рамковен Договор ќе ве доведе до ноторниот факт дека ниту еден деклариран Еѓипканец, не е вработен во институциите на системот, а недај боже, да помислиме да биде унапреден во својата професионална кариера. Дискурсот на прашања, кои се поставуваат во таа насока, имаат и тоа како комлексен карактер, имајќи…

повеќе...

Колумна: Криза на идентитетот – основ за манипулација со Египќаните во Македонија

 Драги мои, дека малите по бројност етнички заедници, хронолошки, се соочувале со „кризи“ во идентитетот, е појава која не датира од поново време, истата има историска предходница, но и утврдени состојби и решенија, кои ќе помогнат, истите да се прилагодат на поновите општествено политички случувања.  Дека културно-националните кризи избиваат во транзиционите општества кон демократија/каков што е и случајот Р.Македонија/, и се објаснуваат со наследената неправедност кон малцинските групи, нерамноправен пристап кон ресурсите, всушност претставува борба на групации или конкретно на индивидуалматеријалисти, кои за лична  виртуелна политичка позиционираност, се борат да…

повеќе...