Годишно собрание на Здружението на трудови инвалиди од Охрид и Дебрца

Здружението на трудови инвалиди од општините Охрид и Дебрца го одржа годишното собрание. На сoбранието Извештај за работа на здружението пoднесе претседателот Климе Димоски кој рече дека во минатата година се постинати програмските задачи согласно Националниот сојуз на трудовите инвалиди на Македонија и програмските определби на здружението од аспект на финансиските можности. Според претседателот Димоски, мiнатата година се оценува ако позитивна осоено на културен и спортски план. Тој Нагласи дека на финаиски план Здружението на трдови инвалиид забележа позитивни резултати и покра потешкотиите на општестен план. Димоски се заблагодари на…

повеќе...

Велигденска честитка на Здружението „Титоисти“ Охрид

Здружението „Титоисти“ Охрид упати честитка до православните верници и граѓаните кои го празнуваат големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. „Блескавиот момент на Христовото воскресение за спас на човештвото, денес го славиме како ореол на христијанското битисување и како најголем симбол на христијанската вера! Во овие тешки времиња на секојднева егзистенцијална борба, во сечиј дом и во секое срце, денешниот празник нека донесе светлина и верба во животот, мир и благосостојба! Велигденските денови нека бидат повод да разбереме и да бидеме разбрани, да поделиме љубов , да подадеме пријателска рака и…

повеќе...

Литературниот клуб „Григор Прличев“ го одбележа Светскиот ден на поезијата

Членовите на литературниот клуб „Григор Прличев“, кој функционира во рамките на библиотеката „Григор Прличев“ – Охрид, редовната средба ја посветија на поезијата. Членовите на клубот, во пресрет на Светскиот ден на поезијата, читаа творби и разговараа за литературните списанија и проблемите со кои се соочувала поезијата во изминатите декади и сега. Дел од средбата беше збогатен со читање на извадоци од литературна критика на поетски дела, објавени своевремено во списанието за литература, уметност и култура „Далги“, кое повеќе не се издава во Македонија. Помладите членови беа запознаени со ова списание,…

повеќе...

72 години од формирањето на КПМ

Здружението на Титоисти испрати соопштение по повод одбележувањето 72 години од формирањето на Комунистичката партија на Македонија. „Во редот значајни датуми во Македонската историја, секако е и денешниот ден, 19-ти март, кога се навршуваат 72 години од формирањето на Комунистичката партија на Македонија, во виорот на најзначајните борби за ослободување на нашата татковина во Втората Светска Војна. Партијата, која беше предвесник на промените во социјалистичкото македонско општество, во куќата на семејството Јовановци во Тетово, ја формираа видни македонски дејци, чии идеи за зајакнување и за просперитет на државата, беа столбови…

повеќе...

Божиќна честитка на Здружението „Титоисти“

Здружението „Титоисти“Охрид упати честитка до граѓаните по повод Рождеството христово-Божиќ. „Блескавиот момент на Христовото раѓање за спас на човештвото што денес го славиме како ореол на христијанското битисување, кој донесе најголема радост, во овие тешки времиња на секојднева егзистенцијална борба, во сечиј дом и во секое срце нека донесат светлина и верба во животот, мир и благосостојба. Божиќните празници нека бидат повод да разбереме и да бидеме разбрани, да поделиме љубов, да подадеме пријателска рака и да се обединиме во искрените желби и намери за создавање посветла иднина за нас…

повеќе...

Новогодишна честитка на „Титоисти“ Охрид

Здружението „Титоисти“ Охрид упатува новогодишна честитка до сите граѓани. „Почитувани, Годината која доаѓа, нека биде само мотив да бидеме уште поистрајни во битките кои ги носи денешното време, и од нив да излеземе како победници со насмевка на нашите лица! Драги наши сограѓани, Новата Година е повод да ги отвориме нашите срца, да посееме мир онаму каде што владее немир, да дадеме љубов на оние на кои им е најпотребна, и со заеднички сили да се посветиме на создавањето на нашата посветла и подобра иднина, во духот на новите почетоци!…

повеќе...

Здружението „Титоисти“ со честитка по повод Денот на ЈНА

Здружението „Титоисти“ – Охрид испрати честитка по повод 22-ри Декември, ден на Југословенската Народна Армија. Во честитката стои: „Во редот големи датуми во Социјалистичка Федеративна Република Југославија, едно од најзначајните места го зазема и 22-декември. Сега е вистинско време, постарите генерации да се потсетат, а оние помладите да научат нешто повеќе за значењето на овој датум, на кој во текот на Втората Светска Војна, во градот Рудо во Босна и Херцеговина, формирана е Првата Пролетерска Народноослободителна Бригада, како дел од партизанските единици. Оваа воена формација е предвесник на Југословенската Народна…

повеќе...

Во понеделник ќе се одржи седница на ЗП на Охрид и Дебрца

На 22 декември ( понеделник) во 11 часот во големата сала на општината Охрид, ќе се одржи деветата отчетна седница на Собранието на Здружението на пензионерите на општините Охрид и Дебрца. На седницата покрај другите точки од Дневниот ред, ќе биде донесена Програма за работа на ЗП за 2015 година, Финансиски план ,Одлука и програма за спроведување на новите Изборни активности за нови раководства во почетокот на 2015 година, како и разгледување на барањето на новото ЗП на Дебрца и донесување на одлука. На седницата ќе бидат врачени и плакети,…

повеќе...

Во четврток ќе биде објавена програмата за Водици 2015

Здружението на граѓани „Богојавление“, во четврток, 4-ти декември, во малата сала на општина Охрид, со почеток во 12.00 часот ќе одржи свечена седница со следниот дневен ред: 1)Усвојување на записникот од предходната седница 2)Информација за припремата за рибната чорба 3)Избор на Кум за 2015 год 4)Разно.

повеќе...

Честитка од Здружението „Титоисти“ по повод 7-ми Ноември

Здружението „Титоисти“ испрати честитка по повод 7-ми Ноември- Денот на ослободувањето на Охрид. Во честитката стои: „Во својата вековна историја, Охрид запишал многу значајни датуми за своето постоење. Но, ниту еден датум ја нема симболиката на ослободувањето, на зачекорувањето во мирот и просперитетот, на удирањето на темелите на еден современ град, како што е денешниот датум, 7-ми Ноември. На овој ден, се враќаме седум децении наназад, во светлината на ноемврискиот ден, кој на Охриѓани им ја донесе толку посакуваната слобода, како најсилен и најзначаен симбол на секој слободољубив народ. Најсамосвесните,…

повеќе...