Од утре започнува реализација на проектот „Безбедни матурски прослави 2014/2015“

Утре, 7-ми мај во 11:00 часот Одделението за превенција при СВР Скопје, ќе започне со реализација на активностите поврзани по проектот „Безбедни матурски прослави 2014/2015“. Основна цел на проектот, кој ќе се реализира во текот на месец Мај, е подобрувањето на севкупната и личната безбедност на учениците – матуранти, за време на матурските прослави. Промоцијата на кампањата, како и понатамошните активности ќе траат до 9-ти мај.

повеќе...

Заврши августовскиот испитен рок за полагање државна матура

Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми на прес конференција информираше за полагањето на државната матура во августовски испитен рок, во кој беа опфатени учениците од завршните години во средните училишта коишто од оправдани причини не полагале државна матура, или пак, не успеале да положат некој од предметите во јунскиот испитен рок. Како што соопшти, во август државна матура полагаа 3.650 кандидати и процесот во кој беа вклучени околу 480 тестатори, 40 набљудувачи, како и 168 оценувачи, се реализираше согласно пропишаните правила и процедури, без евидентирани проблеми. Од вкупно…

повеќе...

Матурантите традиционално ги фрлаа капите на Антички

Традиционално, синоќа на Античкиот театар, со пригодна церемонија се одбележа свечениот момент на преминување на прагот на зрелоста на овогодинешната генерација матуранти. „Денес, кога го завршувате средното образование, сакам во име на општина Охрид и мое лично име, да Ви упатам најискрени честитки за вложениот труд и постигнатиот успех. Во овие четири години, Вие учевте, созревавте, стекнувавте нови пријателства, стекнувавте нови искуства, всушност го учевте животот, а тој не секогаш беше лесен, полн со успеси, падови, угорници и удолници. Токму тие моменти, ќе бидат моментите кои ќе паметите цел живот. Тие…

повеќе...

Просечната оценка од државната матура е 3,11

Просечната оценка од државната матура оваа година е 3,11, истакна на денешната прес конференција министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, кој додаде дека во јунскиот испитен рок за тестирањето се пријавиле 18.370 кандидати. 17.560 матуранти полагаа мајчин јазик и литература (македонски, албански, турски), а просечниот успех кој го постигнаа е 2,99. „Просечните постигања по математика основно ниво изнесуваат 3,04, исто како и постигањата по предметот математика напредно ниво. И кај двата предмети имаме зголемување на бројот на пријавени кандидати. Математика основно ниво, оваа година полагаа 2354 кандидати, за…

повеќе...