Матурантите од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ ја прославија матурската вечер

Матурантите од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ го прославија завршувањето на средното образование. Свеченоста се одржа во хотелот Десарет, а ги забавуваше охридската група Император Бенд. Девојките облечени во прекрасни тоалети на кои им парираа прекрасните момчиња до раните утрински часови славеа за успешно завршените средношколски денови. Честито матура! А.Андриоски

повеќе...

По 15ти пат матурска парада во Охрид

Овој петок (20 мај) точно напладне на плоштадот Св. Климент Охридски во Охрид, околу 450 матуранти од четирите средни ушилишта во градов ОСУ„ Св. Климент Охридски“, СОСУ„Св. Кирил и Методиј“ , ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и ОУТУ  „Ванчо Питошески“ ќе го играат познатиот квадрил на музика од Штраус. Матурската парада годинава се одржува по 15-ти пат и од 2001 година до денес на манифестацијата учествувале над 300. 000 матуранти од 100 града во 10 европски држави меѓу кои се Македонија, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Романија, Украина.

повеќе...

Груевски: Со консултации до најдобри решенија за високото образование и државната матура

Измените на Законот за високо образование и за државната матура се одложени за септември 2016 година и во овој период ќе направиме се што е во наша моќ да бидат вклучени сите засегнати страни за да се дојде до најдобрите можни решенија, изјави премиерот Никола Груевски. При посетата на Дојран одговарајки на новинарско прашање, премиерот Груевски рече дека има доволен период за размислување во кој ќе се разговара со сите заинтересирани страни се со цел да се слушнат сите мислења и да се направат темелни консултации. „Одлагањето на државната матура…

повеќе...

Просечна оценка на државната матура во јуни 3.37

Државниот испитен центар и Министерството за образование и наука ги објавија прелиминарните резултати од државната матура за учебната 2014/2015 година. Просечната оценка во јунската сесија, по сите предмети и во сите средни училишта е 3.37 и е повисока во однос на минатата учебна година кога средниот успех беше 3.11, истакнаа директорката на ДИЦ Мируше Амети и советникот на министерот за образование и наука Сафет Незири. „За разлика од минатата година кога просечната оценка за мајчините јазици односно македонски, албански и турски јазик и литература беше 2,99, оваа година изнесува 3,47.…

повеќе...

Од утре почнува полагањето државна матура

Од утре до 19-ти јуни ќе се реализираат екстерните испити од државната матура во учебната 2014/2015. Според информацијата на Државниот испитен центар, матурантите утре ќе полагаат мајчин јазик и литература, на 15 јуни е полагањето странски јазик, на 17 јуни ќе се полага математика и на 19-ти јуни е тестот по хемија, физика, биологија, историја, бизнис, филозофија и естетика. Тестирањето во сите денови почнува во 10 часот. Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит. ДИЦ соопшти дека…

повеќе...

Матурска парада 2015

Со традиционалната порака за мир и со звуците на популарниот танц Квадрил матурантите од четирите општински средни училишта, денеска на Градскиот плоштад, ја одиграа Матурската парада 2015. Општина Охрид е традиционален покровител на танцот, а градоначалникот Никола Бакрачески ја отвори десеттата по ред Матурска парада. „Почестен сум и среќен кога сум во друштво на толку многу насмеани и ведри лица, млади лица околу мене. Во еден од најзначајните моменти за Вас би сакал да Ви подарам компас кој би ви го покажувал патот во иднина, оној, единствен пат кон успехот. Кога…

повеќе...

Утре ќе се одржи традиционалната матурска парада

Утре, 22-ри мај (петок), на Градскиот плоштад, со почеток во 12:00 часот охридските матуранти, како дел од големата европска манифестација „Матурска парада 2015“, која годинава ќе се одржи по 10-ти пат, ќе танцуваат квадрил на музиката од Штраусовата опера „Лилјакот“. Десет минути пред почетокот на танцот, на градскиот плоштад, на матурантите ќе им се обрати градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески.

повеќе...

Матурантите од ОУТУ „Ванчо Питошески“ ја прославија матурската вечер

Матурата е ден од соништата, ден на забава, веселба, дружење и сеќавање на убавите моменти од средното образование… Матурската забава е настан којшто се чека цела година. Матурантите од Општинското угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“ ја имаа својата матурска забава во ресторанот на хотелот „Силекс“, организирајќи се до најситен детаљ да биде совршено. Со подеднаква раскошност и момчињата и девојчињата како тукушто да стигнале од гламурозен фестивал во весела атмосфера до раните утрински часови ја прославија незаборавната ноќ во која играа, пееја и ги прераскажуваа средношколските случки, мигови поминати во средношколските…

повеќе...

Матурантите од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ ја прославија матурската вечер

Матурантите од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ достоинствено го прославија завршувањето на средното образование во хотел Десарет. Девојките облечени во прекрасни тоалети на кои им парираа прекрасните момчиња до раните утрински часови славеа за успешно завршените средношколски денови. Честито матура!

повеќе...

„Генерална проба“ на матурантите од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“

Четири дена пред нивната официјално закажана матурска вечер која ќе се одржи на 19-ти мај, во вторник во хотелот Десарет, матурантите од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ веќе тренираат матурска забава во нивниот двор. Весели и разиграни со сите музички реквизити, матурантите од електромашинскиот училишен центар од Охрид, под акордите на дувачките и ударни инструменти прават генерална проба на популарните ора и ороводни песни кои најверојатно ќе бидат дел од матурската забава во вторник. WebOhrid им посакува незаборавна матурска вечер, и секако многу успех во натамошното школување. WebOhrid

повеќе...