Ивановски: Поедноставено архивско работење за приватните субјекти

Измените во Законот за архивски материјал, кои имаат за цел да се поедностави канцелариското и архивското работење за приватните субјекти, беа повод за денешната прес-конференција на министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски. „Една од позначајните измени се однесува на Членот 32, според кој отсега имателите на приватен архивски и документарен материјал се должни да водат основна или сопствена евиденција за архивскиот и документарниот материјал, да донесат план на архивски знаци со листа на архивски и документарен материјал, да вршат тековно одбирање на архивскиот од документарниот материјал и да…

повеќе...

Арсовска Томовска на отворањето на настанот NASA Space Apps Challenge 2015

Во организација на New Man`s првиот бизнис акселератор во Македонија и во соработка со 15 младински и студентски организации, денеска започна дводневниот хакатон, кој оваа година по третпат се организира во Скопје. Тимови од целиот свет соработуваат и се поврзуваат со јавно достапни информации кои се ставени на располагање од страна на американската агенција NASA, со цел да дизајнираат иновативни решенија за глобални предизвици од областа на зачувување на Земјата и истражување на вселената. Посакувајќи им успех на учесниците на натпреварот, заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска…

повеќе...

Арсовска Томовска на настанот „Контакт 2015“

Заменик министерот за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, на 6-ти април, понеделник, во 10.00 часот, ќе се обрати на официјалното отворање на настанот „Контакт 2015“ кој има за цел да ги поврзе работодавците со студентите, преку овозможување директна промоција на компаниите, како и претставување на искуството и знаењата на студентите. Настанот ќе се одржи во амфитеатарот на ФИНКИ (простории на Технолошко-металуршки факултет).

повеќе...

Нова британска ИТ инвестиција од пет милиони евра

Британската компанија Allocate Software во Скопје го отвори новиот Центар за развој на апликации, кој ќе го зајакне техничкиот развој на пакетот апликации за пазарот на здравствени услуги.Со планирана инвестиција од пет милиoни евра, компанијата ќе вработи 50 водечки програмери за развој на софтверски апликации во Република Македонија. Компанијата има свои канцеларии во Сиднеј и Стокхолм и таа е водечки давател на услуги за специјалистички софтвер за оптимизација на работна сила. Министерот Ивановски обраќајќи се на настанот истакна дека компанијата од Лондон ги препозна позитивните предуслови кои ги нуди Македонија,…

повеќе...

Започнува проектот за доделување на таблети за студентите

Министерот Ивановски денеска го претстави проектот за доделување таблети на студенти, како дел од новиот сет економски мерки на Владата на Република Македонија. Според него, ќе бидат доделени 12.000 ваучери за набавка на вакви уреди, што ќе биде од корист како за студентите, така и за развојот на економијата. Компаниите кои ги исполнуваат условите можат да аплицираат во министерството и да започнат со привлекување на студентите за искористување на ваучерите. „Анализата која што ние ја имавме направено како Влада за тоа кои се цените и кои се таблетите што се…

повеќе...

Доделени дипломи на државни службеници за познавање на француски јазик

Во рамките на програмата „Францускиот јазик во дипломатијата и јавната администрација“ на Меѓународната организација на Франкофонијата, свечено беа доделени ДЕЛФ/ДАЛФ доживотни дипломи на 73 македонски државни службеници, учесници во Националната програма за 2014 година. Дипломите ги доделија амбасадорката на Република Франција, Лоренс Оер и државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, Јахи Јахија, а на настанот присуствуваше и директорката на Францускиот институт, Изабел Марки Барбо. Државниот секретар Јахија, меѓу другото истакна дека досега се реализирани многу активности и успешни проекти, а веќе се прават подготовки за потпишување на…

повеќе...

Работен состанок со ИКТ компании членки на МАСИТ

Во рамките на континуираната соработка со компании од стопанските комори, министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и Марта Арсовска Томовска, денеска имаа работен состанок со претставници на компаниите членки на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ. Ивановски ги запозна присутните со тековните активности на министерството во ИКТ сферата, како и со новите владини проекти за развој на информатичкото општество. „Ќе се доделуваат таблети со тастатура на сите студенти на приватни и државни факултети во трета или четврта година од студиите, доколку нивните семејства…

повеќе...