Зголемувањето на пензиите и на социјалните додатоци за пет проценти предвидени за 2015 година ќе се реализира согласно планот на Владата, изјави денеска премиерот Никола Груевски. „Планот согласно подготвениот и усвоен буџет е во октомври да дојде до зголемување на пензиите, значи за пензионерите кога ќе ја земат пензијата во октомври да биде зголемена, а во месец јули да бидат зголемени социјалните надоместоци. Станува збро за 2015, како што имаме и ветено практично,“ рече премиерот Груевски на новинарско прашање по промоцијата на новонабавена медицинска опрема во Клиниката „Свети Наум Охридски“…
повеќе...Tag: пензии
Исплатена јануарската пензија
Се известуваат корисниците на пензии дека денеска е исплатена јануарската пензија. На сметките на 289.336 пензионери префрлени се 3.604.984.680 денари. Просечната пензија во јануари изнесува 12.487 денари.
повеќе...Врачени четири нови решенија на добитници на национални пензии
Македонската музичка легенда Вања (Лазарова) Димитрова, писателот Раде Силјан, истакнатиот културен работник од областа на библиотекарството Миле Бошески, како и реномираниот диригент Рамадан Шукри, се нови носители на национална пензија. Со овие четири, досега се доделени 57 решенија за национална пензија на уметници од најразлични дејности од областа на културата. Добитниците на националната пензија ќе примаат месечен надомест од Министерството за култура во висина на разликата меѓу пензијата што ја остваруваат и највисоката пензија во Република Македонија. На примателите, решенијата за национална пензија денеска им ги врачи министерката за култура…
повеќе...Ставрески: Заштита на стандардот на пензионeрите, социјалците и вработените со буџетот за 2015
Заштита на стандардот на граѓаните преку предвиденото зголемување на платите на администрацијата, пензиите и социјалните надоместоци и повеќе средства за капитални проекти, се главните цели на буџетот за наредната година, а за чиј дополнет предлог денеска почна расправата во Собранието на Република Македонија. „Еден од столбовите на буџетот е социјалната димензија. Внимававме во годините наназад да се обезбедат доволно средства за да се исплатат сите права и постојано имавме зголемување на субвенциите, во одделни години и на платите, пензиите и социјалните надоместоци што помогна да се зачува стандардот на граѓаните.…
повеќе...Повисоки плати, пензии и социјална помош со буџетот за 2015 година
Поголеми плати во јавниот сектор од годинава и поголеми пензии и социјална помош од следната година предвидува буџетот за 2015 година, кој помина синоќа на владина седница. Ова денеска на прес-конфернција го соопшти вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој го презентираше Предлог буџетот за догодина. Според него, од ноември годинава со исплатата на октомвриската плата примањата во јавната администрација ќе се покачат за 4 проценти. Од јули со јунската исплата социјаната помош ќе се покачи за 5 отсто, додека пензиите од октомври со исплатата на септемвриската пензија ќе…
повеќе...Министерството за финансии ги исплати пензиите за август
Министерството за финансии денес ја исплати пензијата за август. На сметките на 287.240 пензионери префрлени се 3 милијарди 579 милиони денари. Просечната пензија заклучно овој месец изнесува 12.466 денари. Владата на Република Македонија продолжи со политиката на редовна и навремена исплата на пензиите, на тој начин обезбедувајќи поддршка на стандардот на оваа категорија граѓани.
повеќе...