Јавните претпријатија континуирано работат на комуналните проекти

Јавните претпријатија со заеднички сили, периодов реализираат неколку комунални проекти. ЈП Водовод- Охрид во текот на изминативе денови ги санираше отворените водоводни шахти по должината на булеварот “Туристичка“, и во најава е продолжување на ваквата акција низ целата територија на општина Охрид. ЈП „Нискоградба“ ,веќе се припрема за санација на бетонските шахти коишто од различни причини се уништени или оштетени,додека ЈП Градски гробишта веќе заврши со санација на скалите на влезот кај Холандскиот парк долж Кеј “Македонија“. Акциите за уредување кои Јавните претпријатија ги реализираат по налог на Секторот за…

повеќе...

ЈП „Градски Гробишта“ издава времени објекти под закуп

ЈП Градски Гробишта издава под закуп времени објекти – тезги во кругот на Градските Гробишта 1. Опис и локација Се издаваат 2 времени објекти – тезги лоцирани на влезот на Градските Гробишта означени со редни броеви 4 и 5 и тоа од чуварската куќичка спрема гробиштата. 2. Почетна цена Почетната цена за тезга со реден број 4 изнесува 8.000,оо денари месечно; Почетната цена за тезга со реден број 5 изнесува 7.000,оо денари месечно; Во цената не е вклучен ДДВ 3. Висина на паричен депозит За учество на јавното наддавање заинтересираните…

повеќе...

Фудбалскиот терен со вештачка трева ќе ја збогати понудата на ЈП „Билјанини извори“

Изградбата на фудбалскиот терен со вештачка трева се одвива според планираната динамика, велат од ЈП „ Билјанини извори“ . Со изградбата на овој терен ќе се збогати  и модернизира вкупната понуда на спортско- рекреативниот центар. Во рамките на стратегијата за развој на спортскиот туризам, изградбата на фудбалскиот терен со вештачка трева, ќе овозможи домашните и странските фудбалски екипни на подготовки, во Охрид да доаѓаат во текот на целата година. Охрид има квалитетни сместувачки капацитети, пријатна клима и со постојните спортски објекти и изградбата на нови , може да привлече голем…

повеќе...

Груевски: Нови 15,5 милиони евра од ЕИБ за 66 претпријатија

Во втората половина на јули се очекува да пристигнат првите 15,5 милиони евра од четвртата кредитна линија од Македонската банка за поддршка на рaзвојот кои ќе бидат распределени во 66 претпријатија. Ова го најави денеска премиерот Никола Груевски, нагласувајќи дека се работи за првата транша од кредитот вреден 100 милиони евра кој се зема под поволни услови со каматна стапка од 5,5 проценти. „Македонија досега повлече три вакви кредити за време на светската глобална криза и европската должничка криза во вредност од 250 милиони евра и со нив се отворија…

повеќе...

ЈП „Билјанини извори“ очекува бериќетно лето

Согласно со новите определби на менаџерскиот тим, ЈП „ Билјанини извори“ од издавање под наем на дел од објектите очекува бериќетно лето. Од издавање под наем на фудбалскиот стадион се очекува прилив од 804.000,оо денари, од отворениот пливачки базен 280.000,оо денари, а од спортската сала ќе се инкасираат 2.760.000,оо денари. Најголема е ставката од издавањето на спортската сала, бидејќи во неа постојано се одржуваат тренинзи на екипи кои се натпреваруваат во повисок ранг. Во спортската сала ќе се одржат  Светското ракометно кадетско првенство, Меѓународниот кошаркарски турнир „ Охрид 2014“ ,…

повеќе...