Ставрески: Поддршка од СБ за финансирање два инфраструктурни проекти

Има начелна поддршка од Светска банка за поддршка на два проекта во Македонија – патот од Ранковце до Крива Паланка, а потоа и до границата со Бугарија, и за гасификацијата во Република Македонија, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по средбите со претставници на Светска банка во Вашингтон каде што учествува на пролетните средби на СБ и ММФ. „На состанокот со Светска банка разговаравме за конкретни проекти што ќе бидат во поддршка на економскиот раст и добивме уште еднаш уверување дека има прогрес во подготовката на два значајни…

повеќе...

Започна реализацијата на Проектите поддржани од Светска банка

Со почеток на градежните активности за реконструкција на улицата „Питу Гули“ денеска официјално беше означен почетокот на реализацијата на проектите кои во соработка со Владата на Р. Македонија се подржани од Светска Банка. Почетокот на реализацијата на проектите за кои се обезбедени 128 милиони денари го означија вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески. „Денес почнуваме со реконструкција на улицата „Питу Гули“ каде ќе се реконструираат и тротоарите. Наредниот период во Општина Охрид ќе бидат реконструирани и два кружни токови, едниот на прекрстувањето меѓу…

повеќе...

Во 2014 обезбедена поддршка за превод на 30 дела од македонски автори

Во 2014 пристигнаа 50 пријави од издавачи од 19 земји, а Министерството за култура го поддржа преводот на 30 дела од 23 македонски автори кои ќе бидат објавени на 15 странски јазици … Министерството за култура ќе го субвенционира преводот на уште десет македонски наслови за кои се заинтересирале странски издавачи. Тие се пријавени во ноември и во декември во рамките на конкурсот за 2014 година кој беше отворен во текот на целата година. Со нив, во изминатата година се прифатени вкупно 30 пријави за превод на дела од македонски…

повеќе...

Спасов: Ќе се реализираат два нови проекти за поддршка на децата со пречки во развојот

Реализација на два нови проекти за помош и поддршка на децата со пречки во развојот најави денеска на отворената владина седница министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Првиот предвидува зголемување на паричниот додаток за родителите кои имаат деца со пречки во развојот, а се приматели на социјална или постојана парична помо, а вториот за паричен надоместок за родителите на деца со Даунов синдром. Со цел да можат да се реализираат проектите кои се во Програмата на Владата, предвидени се измени на Законот за заштита на децата. „Воведуваме зголемување…

повеќе...

Општина Охрид со бројни проекти за социјално ранливите категории луѓе

Општина Охрид води сериозна социјална политика односно со низа проекти им помага на социјално ранливите категории луѓе. Градоначалникот Никола Бакрачески одговарајќи на новинарско прашање денес се осврна на бројните социјални проекти кои ги реализира општина Охрид меѓу кои се, субвенционирањето на дел од комуналните трошоци на социјално ранливите категории луѓе, стимулирањето на наталитетот, стипендиите за ученици и студенти, бесплатните курсеви по англиски, германски јазик и информатика за студенти и невработени лица потоа, помошта за семејствата чии домови биле опожарени како и проектот за поддршка на центарот за згрижување на лица…

повеќе...

Проект за подобрување на општинските услуги

Преку кредит добиен од Меѓународната банка за обнова и развој (IBRD), општина Охрид дел од добиените средства ќе искористи за набавка на специјални комунални возила. За таа цел, општина Охрид распишува повик за понуди од подобни и квалификувани понудувачи. Повик за понуди Република Македонија Проект за подобрување на општински услуги – МСИП Заем бр. 8158-MK MSIP-ICB-012-14 1. Повикот за поднесување на понуди согласно Општиот регистар за набавка за овој проект кој се појавува во Развојот на бизниси, издание бр. 767, од 31 јануари 2010 година (печатено издание) и објавено он-лине…

повеќе...

Јавните претпријатија континуирано работат на комуналните проекти

Јавните претпријатија со заеднички сили, периодов реализираат неколку комунални проекти. ЈП Водовод- Охрид во текот на изминативе денови ги санираше отворените водоводни шахти по должината на булеварот “Туристичка“, и во најава е продолжување на ваквата акција низ целата територија на општина Охрид. ЈП „Нискоградба“ ,веќе се припрема за санација на бетонските шахти коишто од различни причини се уништени или оштетени,додека ЈП Градски гробишта веќе заврши со санација на скалите на влезот кај Холандскиот парк долж Кеј “Македонија“. Акциите за уредување кои Јавните претпријатија ги реализираат по налог на Секторот за…

повеќе...