Литургија во храмот „Св.Петка“ сместен во дворот на манастирот „Св. Наум Охридски“

На 8-ми август, денот кога го прославивме споменот на преподобната маченичка Параскева Римјанка и светиот маченик Ермолај, во храмот „Св. Петка“, сместен во дворот на манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалкствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештеникот Димче Азески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.

повеќе...

Одбележан празникот Преподобен Наум Охридски Чудотворец

Православните верници денес го одбележаа празникот посветен на Преподобен Наум Охридски Чудотворец. Голем број на верници  во манастирот Св. Наум, синоќа и денес палеа свеќи за здравје и среќа и се се поклонуваа пред моштите на Св. Наум. За многу години! А.Андриоски

повеќе...

Притворен албански државјанин поради фалсификување исправа

На 14-ти јуни околу 10,00 часот на Граничниот Премин Свети Наум-Охрид на влез во Република Македонија приведен е М.Д.(31) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение дека неговата патна исправа и возачката дозвола се фалсификувани. Против истиот е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, а од страна на Основен Суд-Охрид одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

повеќе...