Слобода на религијата и создавање свет безбеден за различноста“ – трибина во рамките на иницијативата „Духовни Дијалози“

Во рамките на иницијативата „Духовни Дијалози” покрената од Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денеска во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија се одржа трибина на тема „Слободата на религијата и создавање свет безбеден за различноста”. На трибината модерирана од Проф. Бранислав Саркањац покрај претседателот Иванов, учествуваше и Проф. д-р Оз Гинис, еден од водечките социолози на религијата, политички коментатор и автор на бројни книги. Во своето обраќање пред присутните, Претседателот Иванов зборуваше за македонскиот модел на соживот, како и за концептот кој е изворен во Република Македонија, а…

повеќе...

Средби на МНР Попоски на министерскиот состанок на НАТО во формат „Решителна Поддршка“

Главните теми во дискусиите ги опфатија последиците од политичката криза врз европските и евро-атлантските интеграции на Република Македонија. Беше изразено сочувство за загубените животи и повредените во нападите кај Куманово, како и загриженоста од присуство и активност на опасна терористичка група во Република Македонија. Со министерот за надворешни работи на Бугарија се разговараше за безбедносните закани и потребата од отворена соработка меѓу сите земји во регионот, како и за условувањата со меѓудржавен договор кој од бугарска страна е истакнат како предуслов за поддршка на патот кон НАТО и ЕУ. Со…

повеќе...

Иванов: Очекуваме брзо ефектуирање од средбите во Азербејџан

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов ја оцени за успешна посетата на Азербејџан, во рамки на која оствари средба со шефот на азербејџанската држава Илхам Алијев, учествуваше на 3.Глобален Баку форум и на Меѓународната конференција за човечки развој, а се обрати и на бизнис форум на кој беа претставени потенцијалите на Македонија и поволностите што се нудат за странски инвестиции. Тој посочи дека на средбата со Алијев двајцата констатирале дека добрите политички односи треба да се преточат во многу поуспешни економски односи. „Ние веќе две години во Азербејџан имаме…

повеќе...

Бизнис средби со австриски туроператори за отварање на нов туристички пазар

Согласно програмските активности на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2015 година и можноста за отварање на нови туристички пазари од 20-23.04 во Австрија, АППТРМ –Агенцијата за промоција и подршка на туризмот на Македонија ќе учествува на бизнис настан „An Evening with THE Experts“ кое вклучува презентации и бизнис средби со австриски тур оператори. Претставници од АППТРМ и директорот Кристијан Џамбазовски ќе ги презентираат туристичките потенцијали во Македонија, атрактивните туристички продукти и дестинации, висината и начинот на субвенционирање за организиран странски туристички промет во Македонија и можностите за…

повеќе...

Продолжуваат средбите со жителите од урбани заедници

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески продолжува со средби со жителите од урбаните заедници. Утре, 9-ти април ( четврток) во хотелот „ Мизо“ , со почеток во 17 часот ќе се одржи средба со жителите на Урбаната заедница „Воска“ . На средбата со жителите на оваа урбана заедница, покрај соработниците на градоначалникот Бакрачески, ќе присуатвуваат и директорите на јавните претпријатија. Целта на средбата е запознавање на градоначалникот со проблемите на жителите од оваа населба и можностите за нивно побрзо решавање.

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески оствари средба со жителите од УЗ Центар

Во рамки на континуираната комуникација со граѓаните, денес, градоначалникот Никола Бакрачески оствари средба со жителите од Урбаната заедница Центар. Целта на ваквите средби е преку една непосреден контакт со жителите, да се разговара за нивните приоритетни потреби, како и за нивните идеи и предлози за кои сметаат дека е можна нивна реализација во средината во која живеат. Токму низ едни вакви непосредни разговори со жителите од месните и урбаните заедници се произлезени голем дел од реализираните проекти или проектите чија реализација е во тек, а се од суштинско значење за…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на средба со жителите од УЗ Центар

Градоначалникот Бакрачески после посетата на поголем број месни заедници, од денес започнува средби со жителите од урбаните заедници. Денес со почеток во 17часот ќе оствари средба со жителите на УЗ Центар. Средбата ќе се оствари во голема сала на општина Охрид. На средбата покрај соработниците на градоначалникот ќе бидат присутни и директорите на Јавните претпријатија. Целта на средбата е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие жители и можностите за нивно побрзо решавање.

повеќе...

„Вистината за Македонија“ во Лабуништа

Општинската организација на СДСМ- Струга во рамките на проектот „Вистината за Македонија“ денеска ги посети жителите на струшко Лабуништа. При посетата заедно со активисти на Локалниот клуб на млади поделен и весникот со кој жителите ќе можат да се запознаат со се што се случувало со Македонија за време на речиси деветгодишното владеење на ВМРО – ДПМНЕ. „Ќе ги посетиме сите населени места во Струга, „Вистината за Македонија“ мора да допре до секој нејзин граѓанин. Јавноста мора да се запознае со криминалното владеење на ВМРО- ДПМНЕ и за тоа на…

повеќе...

Тројца учесници ќе се натпреваруваат во финалето на ораторските средби

По извонредниот настап на младите оратори од охридските основни училишта кои учествуваат на „Ораторските средби“ кои, по повод 155 годишнината од наградувањето на поемата „Сердарот“ , ги организира Одделението за култура при општина Охрид, ја „принудија“ жири-комисијата, во која се: Славка Јанеска, професор по македонски јазик и литература, Смиле Наумоски, член на Клубот на писатели од Охрид и Ѓорѓи Ризески, писател и режисер, да направат мали измени во пропозициите и наместо, планираните двајца, да изберат тројца учесници во финалниот натпревар. За охридскиот „Лавров венец“ кој ќе го врачи градоначалникот на…

повеќе...

Ораторски средби во чест на Прличев

По повод 155 години од наградувањето на поемата „Сердарот”, општина Охрид во соработка со основните училишта и НУ Библиотека „Григор Прличев “, од 18-ти март започнува со реализација на проектот „Ораторски средби”. Осум млади оратори од охридските основни училишта ќе се натпреваруваат за Ловоровиот венец кој, на најдобриот оратор, ќе биде врачен од страна на градоначалникот на општина Охрид Никола Бакрачески на 25-ти март- денот кога пред 155 години со ваква награда беше овенчан Великиот Григор Прличев. Според пропозициите, на 18-ти, 19-ти и 20-ти март, во салата на НУ Библиотека…

повеќе...