Ташевска Ременски: Запазени се сите процедури во работата на МТСП

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски по денешната Меѓународна конференција за правата на лицата со попреченост одговарајќи на новинарски прашања истакна дека ги отфрла шпекулациите оти невработено лице одговара на прашања на граѓани и дека на Управната инспекција која вчера била во нејзиниот кабинет и дала документи кои, како што рече, одат во прилог на нејзиното тврдење. Во продолжение ви ги пренесуваме прашањата и одговорите. Како го коментирате ветото од страна на заменик министерот Спасов и вчерашната инспекција од страна на Државниот управен инспекторат? Ташевска-Ременски: Не сум…

повеќе...

Меѓународна конференција „Конвенција на ООН за правата на лица со инвалидност и нејзиното влијание врз националното законодавство и политики“

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски се обрати на Меѓународната конференција на тема: „Конвенција на ООН за правата на лица со инвалидност и нејзиното влијание врз националното законодавство и политики“, во организација на Националното координативно тело за еднакви права на лица со инвалидност во Република Македонија, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Главната цел на конференцијата е размена на искуства и добри практики за влијанието на Конвенција на ООН за правата на лица со инвалидност во процесот на унапредување и подобрување на правата…

повеќе...

Програма за реформи во вработувањето и социјалната политика

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов се обрати на Иницијалниот состанок со кој се одбележа официјалното отпочнување и промовирање на новиот механизам на социо-економскиот дијалог помеѓу Република Македонија и Европската унија. „Денес промовираме отпочнување на новиот механизам на социјално-економскиот дијалог помеѓу Република Македонија и Европската унија, организиран со заеднички заложби со нашите колеги и подржувачи од Европската комисија со кои во претстојниот период ќе подготвиме еден значаен стратешки документ-Програмата за реформи во вработувањето и социјалната сфера”, рече министерот Спасов и додаде: “Со отпочнувањето на овој процес, очекуваме дополнително…

повеќе...

Нов проект „Унапредување на социјалниот дијалог”

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, се обрати на промоцијата на проектот “Унапредување на социјалниот дијалог” вреден околу 1,3 милиони евра, финансиран од ЕУ преку ИПА компонентата за развој на човечки ресурси 2007-2013 година, кој ќе се имплементира во период од 24 месеци. Поддршка на социјалниот дијалог меѓу Владата, работодавачите и синдикалните организации е целта на овој Проект на кој исто така се обратија шефот на Делегацијата на ЕУ, евроамбасадорот Аиво Орав, постојаниот координатор на ОН Луиса Винтон и Антонио Грациоси, директор на Меѓународната организација на трудот за…

повеќе...

Продолжува проектот Отворени социјални денови во руралните средини

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов информираше за Проектот Отворени социјални денови на чија што реализација изминатиот период министерството беше интензивно посветено со цел на терен, непосредно да допре до што е можно повеќе оддалечени и тешко пристапни населени места кои се наоѓаат во општините ширум нашата држава. При тоа приоритет беше стручните тимови од центрите за социјална работа во соработка со општините и месните заедници да организираат што повеќе средби со поголем број на граѓани кои се наоѓаат во социјален ризик, или пак, им е потребна одредена…

повеќе...

Македонија континуирано бележи напредок во подобрување на правата на вработената мајка

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов се обрати на настанот во организација на Меѓународната организација на трудот на тема „Средина што го поддржува семејството преку подобрена заштита на мајчинството“ Во своето обраќање министерот Спасов рече дека темата е од исклучителна важност во промовирањето на семејните вредности, а уште повеќе за мајчинството како категорија која директно директно влијае врз нив.  Спасов истакна дека е свесен дека обезбедувањето на заштитата во однос на бремената жена, мајката-родилка и нејзиното дете  се заеднички одговорности на институциите на системот, но според него тоа…

повеќе...