Први мај – Ден на трудот

Меѓународниот ден на трудот е меѓународен празник кој се празнува на 1-ви мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Се одбележува на 1-ви мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1-ви до 4-ти мај 1886 во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден,беше употребена сила од страна на полицијата, при што имаше и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот беа изведени на суд, при што четворица од нив беа и погубени. Во знак…

повеќе...

Ташевска-Ременски: Ставрески веднаш да ја одблокира исплатата на правата на граѓаните

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски го повика министерот за финансии Зоран Ставревски веднаш да ја одблокира исплатата на правата на граѓаните и да престанат манипулациите со ранливата категорија на граѓани на кои овие средства им се единствени месечни примања.  „Еве до каде одат лицемерните политики на Груевски и неговиот кум и министер за финансии Зоран Ставревски! Пред да стигнат лажните обвинувања и клевети дека министерката Ременски ги кочи проектите во Министерството за труд и социјална политика и правата на граѓаните на граѓаните на Република Македонија сакам…

повеќе...

Велики Петок неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 29 април 2016 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед коишто го чевствуваат им го честита празникот Велики Петок.

повеќе...

Понеделник е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека во согласност со Законот за празници, 28ми март, вториот ден на Велигден, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед им го честита празникот Велигден.

повеќе...

Ременски: Ни милиметар не отстапуваме од условите за фер избори

Потпретседателка на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски,  денес во изјава за медиумите истакна: „Овие луѓе што се денеска собрани тука, меѓутоа и сите оние коишто не излегоа денеска на собирот на граѓани во Кичево, се согласни во едно, мора да се стави карај на штетните политики на Никола Груевски коишто изминативе десет години ги опустоши сите општини во Република Македонија. Овие градови низ коишто одиме, меѓукоишто е и Кичево, немаат млади луѓе затоа што младите не се во Кичево, затоа што младите заминуваат не само од…

повеќе...

Ташевска-Ременски: Исправени сме пред предизвикот за преземање и на нови мерки и активности за поголема видливост на родовата еднаквост

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски се обрати на конференцијата организирана во рамки на проектот “ЕУ застапување” која беше на тема “ЕУ застапување во Македонија: Процесот на приспособување кон ЕУ од родова перспектива”. Министерката ја искористи приликата за да посочи дека во Република Македонија постои законска регулатива и стратешки документи кои се однесуваат на родовата еднаквост и унапредувањето на положбата на жената во сите сфери на општественото живеење. Воспоставени се институционални механизми за унапредување на родовата еднаквост на национално и на локално ниво и се очекува реална…

повеќе...

Министерката Ташевска-Ременски ја посети градинката „Гонџа“ во состав на „Јахја Кемал“

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски ја посети приватната детска градинка „Гонџа“, организирана како организациона единица во состав на ПСУ „Јахја Кемал“-Македонија, а која започна со работа во ноември 2015 година. На средбата со генералниот директор на ПСУ “Јахја Кемал”- Македонија, Мухамед Бахче, министерката беше запознаена со работењето на оваа образовна установа, посебно со начинот на функциорањето на градинката и процесот на воспитание и образование кој се спроведува во истата. Воедно, таа направи и обиколка на приватната детска градинка „Гонџа“, која што располага со три простории наменети…

повеќе...

Средба на Ташевска-Ременски со мониторинг комисијата на Совет на Европа

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари средба со известителите на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа (мониторинг комисија). Во состав на делегацијата беа  Лиза Кристоферсен (Lise Christoferssen), Норвешка, Група на Социјалисти, известител на пост-мониторинг дијалог со Република Македонија; Валериј Гилечи (Valeriu Ghiletchi), Република Молдавија, Група на Европски народни партии, известител на пост-мониторинг дијалог со Република Македонија и Силви Афхолдер (Sylvie Affholder), секретар на Мониторинг Комисијата на ПССЕ. Главни теми на дискусија беа имплементација на Спогодбата од јуни 2015…

повеќе...

Ременски: Решени повеќе проблеми во интерес на граѓаните со инвалидност и попреченост

Потпретседателка на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, денес во изјава за медиумите истакна: Денеска сме во посета на општина Струмица, на повеќе населени места, на средби со граѓаните. Штотуку остваривме и средбата со невладини организации коишто ги претставуваат интересите и правата на лицата со инвалидност и попреченост на територија на општина Струмица. Разговаравме за повеќе прашања. На средбата беа изнесени повеќе барања до Министерството за труд и социјална политика како приоритетни прашања кон коишто треба да пристапиме да ги решаваме. За дел од нив ги запознав…

повеќе...

Работна средба на Ташевска-Ременски со претставниците на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари работна средба со претставниците на Националниот совет на инвалидски организации на Македонија (НСИОМ) во којшто членуваат седум национални сојузи на лицата со инвалидност: Националниот сојуз на слепи на Република Македонија, Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Македонија, Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Република Македонија Мобилност, Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост Порака, Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија, т.е.…

повеќе...