И на првачињата во ОУ „Св. Климент Охридски“ Охрид овој ден ќе им остане засекогаш во нивните сеќавања како ден кога првпат заиграле, нацртале и обоиле, а најважно од сè се дружеле со своите врсници во училишниот двор. Со искрени желби за многу здравје и успех во учењето, првачињата и сите присутни ги поздрави директорот на училиштето Јордан Пуроски. Низ низа активности, забава и смеа успешно ги водеше познатиот аниматор Ивица Маринковиќ- познат како Ивце Пивце. Учениците го нанижаа охридското ѓерданче од бисери испишани со нивните имиња и оставија траен…
повеќе...Tag: школо
Започна новата учебна година – највозбудени првачињата
За околу 280.000 основци и средношколци денеска започна новата 2014/2015 година. За прв пат на училиште тргнаа и 20.000 првачиња. Илјада и сто ученици во Основното училиште „Григор Прличев“ седнаа во училишните клупи. Учебната година во ова училиште со возбуда ја дочекаа 129 првоодделенчиња. „Ние во нашето училиште имаме 1 100 ученици, од кои ќе учат во две смени во централното училиште и во подрачното училиште Рача. Во подрачното училиште Рача имаме 103 и овде имаме 994. Првачиња вкупно заедно се 129, овде во „Григор Причев“ се 112, а во Рача се…
повеќе...