Кривична пријава за кичевчанец кој вработил таксисти без да ги осигура

Поради постоење основи на сомнение за сторени две казнени дела „повреда на права од работен однос“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Н.Л. (37) од Кичево и против правниот субјект ДПТПУ „Зоран Ѓорѓијевски Краљо“ увоз – извоз ДОО Кичево. Пријавениот, во својство на управител на правниот субјект, спротивно на членовите 13 и 121 од Закон за работни односи, свесно, на лицата З.Ѓ. и Г.М. двајцата од Кичево, им ги повредил правата за засновање на работен однос и вклучување во задолжително социјално осигурување. Пријавениот, на 13-ти декември 2015 година,…

повеќе...

Канадската компанија „OneContact“ започна со работа, најавени 200 вработувања

Денеска официјално започнува со работа инвестицијата на канадската компанија „OneContact“ која инвестираше во отворање на нов кол центар во Скопје, во кој ќе се вработат најмалку 200 граѓани. One contact center е канадска компанија од услужниот сектор, од областа на телекомуникациите а ќе се врши и анализа на податоци. На официјалното започнување со работа, беа присутни директорот на ТИРЗ, Виктор Мизо, Министерот за финансии, Кирил Миновски, инвеститорот Асиф Чаудари, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Инвеститорот Чаудари информира дека се започнало пред две години во Торното каде што на…

повеќе...

ДЗС: Во вториот квартал годинава 6.687 слободни работни места

Во Македонија во вториот квартал годинава се регистрирани 6.687 слободни работни места. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, стапката на слободни работни места во второто тримесечие од годинава изнесувала 1,38 проценти. Највисока стапка на слободни работни места има секторот „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ и изнесува 3,66 проценти, додека најмала е стапката во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што изнесува 0,10 проценти. Деловните субјекти кои имаат од 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места, 1,88 проценти.…

повеќе...

Спасов: Отворени 21 приватен старски дом со 650 легла и нови 285 работни места

Мерките на Владата насочени кон поттикнување на инвестиции во капацитети за сместување стари лица даваат резултат. Досега со користење на поволностите се отворени 21 приватен дом во Република Македонија, кои го зголемија капацитетот за сместување на стари лица, а воедно влијеа и на намалувањето на невработеноста и отворија нови 285 работни места. Ова го истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска кој присуствуваше на отворањето на 21-от приватен дом за стари лица Лабос во Кисела Вода и најави дека уште шест нови приватни домови за стари лица…

повеќе...

Висока владина поддршка за вработување на лица во социјален ризик

Со средства за плати и дополнителен надоместок за компаниите кои ќе вработат лица во социјален ризик, Владата субвенционира вработување на лица од различни ранливи категории. За таа цел во тек е огласот преку Агенцијата за вработување според кој право на аплицирање имаат 7 категории на регистрирани невработени лица. Првите три категории се корисници на социјална парична помош, лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа (корисници на парична помош 18-26) и лица кои биле корисници на програмата Условен паричен надоместок за средно образование.…

повеќе...

Нови 1000 вработувања во фабриките во ТИРЗ-овите до крајот на годината

Владините технолошко индустриски развојни зони ја остваруваат својата функција. Ефектите од нив се позитивни и повеќекратни и се однесуваат на повеќе сфери и сектори. Отворањето на нови работни места и вработувањето на населението во ново отворените фабрики, континуираниот раст на учеството во извозот, пласманот на средства во домашни градежни компании кои ја градат инфраструктурата на зоните и капацитетите во нив се само дел од позитивните резултати и ефекти од овие владини политики. Преку капацитетите во зоните се реализира стратешката политика на Владата за намалување на невработеноста. Отворените работни места во…

повеќе...

Борбата за нови работни места продолжува – Започна караванот „Македонија вработува 2“

Борбата за нови работни места продолжува. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски денеска беа во посета на Куманово, каде го означија почетокот на караванот „Македонија вработува 2“. Борбата за нои работни места продолжува. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за врабвотување на Република Македонија Влатко Поповски денеска беа во посета на Куманово, каде го означија почетокот на караванот „Македонија вработува 2“. „Иако е лето напорно работиме и продолжуваме со реализација на…

повеќе...

Димитриев апелира на конструктивност за надминување на кризата

Премиерот Емил Димитриев денеска апелира на конструктивност од сите политички партии за да се надмине политичката криза во земјава. Димитриев вели дека партиите имаат средби на разни теми и се надева кога ќе оценат оти постои суштина и оправданост ќе дојде до нова лидерска средба за надминување на политичката криза. „Како претседател на Владата јас се надевам дека и апелирам сите партии да имаат максимална конструктивност се со цел што побрзо да заврши оваа политичка криза која има негативни последици и по економијата и по другите сфери на општетсвеното живеење.…

повеќе...

Поддршка на социјалните партнери за „Македонија вработува 2“

Економско социјалниот совет го поддржа пакетот закони за реализација на проектот „Македонија вработува 2“, со кој се предвидува вработување меѓу 15 и 20 илјади лица. На седницата, како што беше истакнато на денешната прес-конференција, разгледани се најновите измени на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за здравствено осигурување со кој се овозможува продолжување на проектот „Македонија вработува“ за уште една година со поволностите што беа предвидени во претходниот проект „Македонија вработува“. „Пакетот закони е поддржан од сите социјални партнери…

повеќе...

400 Полициски службеници потпишаа договор за вработување

Мисија на Министерството останува унапредување на полициската служба која ја ужива довербата на сите граѓани во земјата и која ги гарантира, штити и ги почитува основните права и слободи, без дискриминација по било која основа. Дел од мисијата е развој и зајакнување на проактивен модел на полициско работење кој ќе обезбеди повисоко ниво на заштита на животот, имотот и личната безбедност на граѓаните, како и брз и ефикасен одговор на полицијата на сите можни предизвици“ ова го истакна министерот Чавков во Центарот за обука во Идризово, каде денес се одржа…

повеќе...