Мусала Софт до 2019 година ќе отвори 300 нови работни места

Бугарската ИТ компанија Мусала Софт, која веќе почна да работи во Македонија со 10-тина лица, до 2019 година планира да отвори 300 работни места и да вложи над 20 милиони евра, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. „Како резултат на напорите што ги прави Владата и Агенцијата за привлекување на странски инвестиции компанијата Муслал Софт почнува со работа во Македонија. Планира во земјава да отвори над 300 нови работни места до 2019 година. Воглавно ќе биде вработен висококвалификуван кадар кој ќе работи на развој на најсофистицирани софтверски производи“,…

повеќе...

Ставрески: Невработеноста под 22 проценти до 2018 година

Невработеноста може да се спушти под 22 отсто до крајот на 2017-та и почетокот на 2018 година. Здравите владини политики, како и директната поддршка од Буџетот преку високиот износ на капитални инвестиции, го поставуваат на здрава основа растот на македонската економија и нема ниту една причина да не се верува дека и натаму македонската економија ќе има меѓу највисоките стапки на раст во Европа. Таква е впрочем и проценката на Европската комисија, на Светска банка и на ММФ, како и на македонската Влада. Ова го истакна вицепремиерот и министер за…

повеќе...

Над 10 илјади вработени со мерката за млади до 29 години

„Целта која што сакавме да ја постигнеме е веќе постигната. Над 10.000 отворени работни места значат многу за македонските компании, за младите во Република Македонија. Оваа мерка продолжува да се реализира и во наредните неколку месеци. За околу една година и осум месеци има 10.300 вработени. Тоа се месечно по околу 520 млади лица кои се вработени во приватните компании”, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. Тој додаде дека оваа мерка веќе влијаела и на нејзина надградба, односно на создавање на проектот „Македонија вработува“ од која, како…

повеќе...

Македонија е број еден креатор на работни места во светот

Македонија е број еден креатор на работни места во светот, покажува извештајот на IBM компанијата за бизнис истражувања којашто се фокусира на менаџерски и економски прашања. Овој годишен извештај ги анализира најновите трендови според компаниите чиишто нови бизниси се лоцирани ширум светот, и како тие ги донесуваат таквите одлуки. Извештајот е направен од страна на Plant Location International, локална стратегија и избор на локација во консултација со Секторот за глобални бизнис услуги на IBM (Department of Global Business Services IBM). Според клучните точки на овогодинешниот извештај, Македонија е прва во…

повеќе...

Пешевски: Со Оперативниот план за вработување над 8.700 нови вработувања

Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016 година, ќе бидат опфатени 13.500 лица од кои 8.700 ќе бидат директно вработени. За реализација на Оперативниот план ќе бидат инвестирани 710 милиони денари. Ова го истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски на прес-конференција во Министерството за труд и социјална политика. Како што појасни Пешевски, станува збор за осмиот по ред Оперативен план за активни програми и мерки за вработување за 2016, што го усвои Владата на последната седница. Планот…

повеќе...

Ставрески: Не бираме странски или домашни инвеститори, бараме нови работни места

Нема дилема „странски или домашни инвеститори“ – нам ни требаат и едните и другите. Ни требаат добри инвеститори, кои ќе работат според законите и кои ќе отвораат нови работни места, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во интервју за Сител телевизија. „Во зоните денес работат околу 14.600 лица. Сите тие имаат семејства, деца. Со платата што ја земаат во фабриките ги издржуваат нивните семејства и имаат перспектива. Без тие фабрики луѓето ќе немаат перспектива и уште поизразен ќе беше проблемот на сиромаштија и невработеност“, истакна Ставрески. Ставрески рече…

повеќе...

Саем и во Струга: Можностите за нови вработувања патуваат низ Македонија

Откако започна и вториот караван за новите саеми за вработување низ Македонија, и ги посети Прилеп и Велес, од страна на граѓаните се забележаа позитивни критики за шансите кои ги добиваат за време на овие настани. За разлика од стандарната форма на интервјуирање со потенцијалните кадри, на саемите секој има можност директно и на неутрална локација да се запознае со своите идни работодавачи и во поопуштена атмосфера да ги дознае сите детали за начинот на аплицирање и условите според кои одредена компанија или организација ги одбира своите идни вработени. Денес…

повеќе...

Груевски: Во првите девет месеци има 19.000 нововработени, а до крајот очекуваме уште 6.000 нови

Од формирањето на државата, од независноста, од 1991 година до овој момент Република Македонија има најниско ниво на невработеност во нашата историја. Во првите девет месеци од годинава вработени се 19.000 лица, а до крајот на годината се очекуваат уште 6.000 нови вработувања, изјави премиерот Никола Груевски во интервју за Сител Телевизија. „Во годината кога ние дојдовме на власт невработеноста беше околу 38 проценти. Тоа беше рекордна невработеност не само во Македонија, туку и во Европа. Оттогаш па наваму, континуирано секоја година, секој квартал, без исклучок, имаме намалување на невработеноста,…

повеќе...

Регионален развоен центар на Искрател почна со работа во Македонија

Словенечката групација Искрател во Република Македонија го отвори својот регионален развоен центар. Ќе работат 100 вработени стручни квалификувани лица, а според менаџментот одлуката да го отворат токму во Македонија се брзорастечката ИКТ индустрија во земјава и долгогодишната добра соработка и доверба. Официјалниот почеток со работа на Регионалниот центар го означија вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, претседателот на УО на Искрател Жељко Пуљич и директорот на Искрател Скопје Јанез Сајовиц. Вицепремиерот Пешевски, посочувајќи на политиките, мерките и проектите што ги презема Владата во оваа индустрија, како и добрите бизнис услови…

повеќе...

Преку грантот за самовработување досега отворени над 7.250 мали бизниси

Преку грантот за самовработување досега се отворени над 7.250 бизниси, а до крајот на годината ќе бидат отворени уште 400. Една третина од нив се основани и управувани од жени, а исто толку од лица помлади од 29 години. Над 70 проценти од нив се се уште активни и голем дел од нив се развиваат во бизниси со двајца, тројца или повеќе вработени. „Микро и малите компании се значаен сегмент од македонската економија. Тие отвораат значаен број работни места во Република Македонија. Со грантот за самовработување кој Владата на РМ…

повеќе...