Над 40 компании ги понудија своите можности за слободни работни места пред прилепчани на првиот Саем за вработување од новиот циклус што ќе се реализира низ општините во Македонија. Саемот е отворен во Центарот за култура „Марко Цепенков“, а на него присуствуваа министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски. „Целта е да се видат можностите што ги нудат приватните компании и да се поттикнат луѓето активно да бараат работа, да се создаде можност невработените лица побрзо да стапат во контакт со…
повеќе...Tag: вработувања
Вработени 9.944 млади преку мерката 1+1, распишан оглас за 700 практиканти
Седумстотини невработени млади лица од утре можат да се пријавуваат на оглас за практикантство, за што во траење од три месеци ќе добивааат надомест од државата во висина од по 6.200 денари. Тие подоцна би можеле да бидат вработени во приватните компании со искористување на некоја од мерките кои се нудат преку проектот „Македонија вработува“, иако за тоа не постои обврска кај работодавачите кои примаат практиканти. Досега само преку мерката 1+1 за млади до 29 години во рамки на овој проект се вработени 9.944 лица. „Денеска со Агенцијата за вработување…
повеќе...Груевски: Нови директни 3.850 вработувања во технолошките зони
Нови 3.850 директни вработувања, плус индиректни вработувања ќе се отворат во странските директни инвестиции во зоните во Македонија чии објекти се почнати и наскоро треба да ги завршат со градба, најави денеска премиерот Никола Груевски. „Во овој период од месец и пол – два има активности на околу осум компании во Македонија. Три од нив веќе почнаа производство во последните месец дена, тоа е италијанската „Дијатек“, германската „Техникал текстаил“ и вчера компанијата од Дубаи „Ејпл Ленд“ во Ресен. Две од нив започнаа градба на свои фабрики, тоа е оваа ОДВ…
повеќе...Обуки за дефицитарни занимања за 300 невработени лица
Триста невработени лица од утре ќе имаат можност да аплицираат за обуки за дефицитарни занимања со цел полесно да најдат работа на пазарот на труд. „Приватните компании имаат потреба од обучен и квалификуван кадар кој ги поседува вештините и знаењата побарувани на пазарот на труд. Во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија нудиме можност овие лица да посетат една од обуките во приватните компании кои имаат сертифицирани програми за обука и да се стекнат со дополнителни вештини да ја зголемат својата шанса за вработување,“ рече министерот за труд…
повеќе...Груевски: Проектот за самовработување дава резултати и ќе продолжи
Проектот за самовработување се одвива добро и ќе продолжи и наредната година. Годинава се регистрирани над 500 фирми со над 500 вработувања. Со вториот дел од проектот за кој е во тек постапка се очекува бројка од најмалку 1.000 вработувања. Тоа го најави денеска премиерот Никола Груевски по посетата и увидот во градежните активности за изградба на новото средно училиште во село Сарај. Во регистрираните над 500 фирми, односно мали микробизниси, според Груевски, се вработени најмалку по едно лице, тоа што ја отвора фирмата, но има и случаи со по…
повеќе...Нови можности за вработување на лица со инвалидност
„Секое лице со инвалидност има свои способности и знаења. Наша задача и цел како институции е да им помогнеме да ги реализираат и да ги искористат можностите што ги нуди државата за таа цел. Токму во таа насока е и овој нов проект на Владата на РМ „Грант за самовработување на лица со инвалидност“, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов пред одржувањето на трибината за самовработување со грант за инвалиди. Појасни дека станува збор за можност за основање сопствен бизнис, целосна поддршка при отворањето на сопствениот бизнис,…
повеќе...Американска компанија со интерна одлука за инвестиција со 1.500 вработувања во Струмичко
Владата е во финални преговори со глобална американска компанија за инвестирање во ТИРЗ Струмица за изградба на фабрика за производство на автомобилски делови. Инвестицијата е вредна 20 милиони евра, а ќе овозможи 1.500 нови вработувања во Струмичко, изјави денеска во Струмица премиерот Никола Груевски. „Можам да кажам дека сме во финална фаза на преговори со меѓународна глобална компанија со седиште во Америка за производство на автоделови за инвестирање токму тука во ТИРЗ Струмица и отворање на нови околу 1.500 работни места. Претставници на компанијата досега неколку пати беа во посета…
повеќе...Ставрески: „Македонија вработува“ добро осмислен проект за сите старосни групи
Преку проектот „Македонија вработува“ досега се вработени 4.622 лица. Компаниите ги користат мерките и поволностите, а според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески проектот е добро осмислен со кој се опфатени сите старосни групи кои се без работа. „Проектот Македонија вработува е еден добро осмислен проект, во кој што ги опфативме сите старосни групи на граѓани кои се без работа. Тој е наменет и за младите, но и за постарите, односно за оние кои без тој проект можеби никогаш не би добиле шанса за работа. Имено, за секоја категорија…
повеќе...Ставрески: „Македонија вработува“ помага и на старите и на младите да најдат работа
Вкупно 4.622 лица се вработени преку проектот „Македонија вработува“ заклучно со минатиот петок. Значајно е тоа што имаме вработувања од сите категории, односно околу 2.000 лица се млади до 35 години, а од друга страна ангажирани се околу 1.000 лица над 50 години, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Одговарајќи на новинарско прашање, вицепремиерот Ставрески нагласи дека од оние што се вработени со над 50 години, околу 250 лица се над 58-годишна возраст. „Тие лица никогаш немаше да бидат ангажирани од страна на фирмите доколку не беше…
повеќе...Преку проектот „Македонија вработува” досега ангажирани 4535 лица
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски и градоначалникот на Општина Вландово, Николче Чурлиновски, ја посетија приватната компанија “Дока Tекстил“ од Валандово, како успешен пример на компанија која ги има искористено поволностите на проектот „Македонија вработува”. „Ова е еден позитивен и успешен пример за еднa македонска компанија која изминатите години ги користи можностите кои што ги нудиме преку мерките за вработување. Оваа компанија со годините се повеќе и повеќе се развива и го зголемува бројот на вработувања. Околу 10% од вработените се…
повеќе...