Груевски: Амфенол со инвестиција од 25 милиони евра и 2.500 вработувања

Нови шест фабрики на Амфенол и вработување на вкупно 2.500 лица најави премиерот Никола Груевски по денешната средба со менаџментот на американската компанија во нивниот објект во Кочани. „Во овој момент во компанијата работат 330 лица, до крајот на месецов ќе бидат 380, а до крајот на годинава 560. Но, најзначајно е што бев информиран дека Амфенол е многу задоволен од работењето во Македонија и во Кочани и дека планира да ги откупи сите шест локации во ТИРЗ Виница и да донесе шест свои дивизии и да вработи повеќе од…

повеќе...

Вработени уште 30 деца без родители

На 30 лица кои до 18 години имале статус на деца без родители и родителска грижа денеска им беа врачени решенија за вработување во државната и јавната администрација согласно Програмата за вработување Д-10. Досега врз основа на оваа програма се вработени 83 лица, а денеска завршува огласот за вработување на уште 30 лица. „Една од категориите луѓе кои неминовно имаат потреба од поддршка од државата е онаа која изразнала без родители и без родителска грижа. Оваа категорија во минатото беше оставена на маргините на државниот интерес. Жалосно, но вистинито… овие…

повеќе...

Промовирани четири мерки за кредитирање за нови работни места и за самовработувањето

Четири мерки за кредитирање за отворање нови работни места и за потикнување на самовработувањето и формирањето сопствени бизниси во Република Македонија промовираа денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски. Овие мерки, истакна министерот Спасов, се реализираат од 2008 година и имаат голема успешност, голем процент на се уште вработени лица кои аплицирале и учествувале во искористувањето на овие мерки. „Приоритет на Владата е отворање нови работни места за невработените лица особено за младите лица до 29 години.…

повеќе...

Оглас за раководни лица во Министерството за земјоделство

Владата преку оглас бара нови раководни лица за четири сегменти во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Пријавените ќе имаат еднакви шанси, а ќе бидат ангажирани најспособните и најсоодветните кои ќе придонесат за понатамошен развој. Според огласот се бараат раководни позиции за сегментите регистрирање, управување, унапредување и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, за лозарство, винарство и овоштарство, за консолидација на земјоделско земјиште, размена и идентификација на земјишни парцели и раководно лице во Телото за управување со средства од петтата компоненета ИПА (ИПАРД). – Ова се многу битни позиции…

повеќе...

Британската „Ендава“ почна со работа, најави 400 нови вработувања

Најмалку 400 нови вработувања во следните четири години најави британската ИКТ компанија „Ендава“ која денеска отвори нови канцеларии во Скопје со што и официјално почна со работа. Како што рече извршниот директор Џон Котерел, тимот во Скопје засега брои 36 членови, но во следните 12 месеци ќе достигне 100 лица. „Брзиот економски раст, уште поинтензивниот развој на информатичкиот сектор и високообразовниот кадар беа клучните причини поради кои го одбравме Скопје меѓу 40 други градови. Нашата цел е да ги привлечеме најдобрите од оваа област, тие во нас да препознаат место…

повеќе...