Фудбалските клубови мора да имаат соодветно лиценциран доктор/физиотерапевт

Клубовите кои се натпреваруваат во натпреварите во организација на ФФМ од сите возрасни категории мажи и жени мора да имаат соодветно лиценциран доктор, односно физиотерапевт. Без соодветни лиценци издадени од ФФМ, според Правилникот за натпревари и Правилникот за здравствена заштита на ФФМ, докторот и физиотерапевтот не можат да седат на клупата за официјалните лица и резервните фудбалери. Доколку домаќинот нема соодветно лиценциран доктор, натпреварот нема да се одигра, а домаќинот се санкционира според Правилникот и Пропозициите за натпревари и Дисциплинскиот Правилник на ФФМ. За добивање на соодветна лиценца за службените…

повеќе...

Догодина 1.000 лекари ќе се обучуваат во најреномирани странски болници

Во текот на наредната година околу 1.000 нови лекари и друг медицински персонал од Македонија ќе бидат испратени на обука во најреномирани болници во странство. Од нив околу 800 се лекари, а останатите техничари и помал број медицински сестри. „Само за јануари годинава се планира 100 нови лекари и медицински персонал да заминат на обука. Планираме таа динамика да се задржи до крајот на годината за да се реализира програмата. Се трудиме што поголем број од нив да заминат во високо развиените медицински центри. Годинава 29 доктори беа медицинскиот центар…

повеќе...

Пациентите и докторите во ноември повеќе го почитувале закажаниот термин за преглед

Бројот на пациенти кои изминатиот месец не дошле на закажаниот термин и истиот не го откажале е за 42 отсто намален во однос на претходниот месец, покажала анализата на податоците од системот МојТермин. Во септември кога почна анализата на податоците од системот, бројот на докторите кои доцнеа на првиот закажан термин за преглед изнесуваше 162, во октомври тој број се намали на 32, а во ноември е сериозно намален во споредба со претходните месеци и изнесува 24 доктори. Само кај двајца доктори (еден од Градската општа болница „8 Септември“ и…

повеќе...

Едукација на матични лекари 2014 / 2015

Почитувани, согласно Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/13 и 39/14), започнуваат едукациите за избрани лекари организирани од Министерството за здравство. Присуството е задолжително. Некои избрани лекари почнуваат веќе од викендот кој доаѓа, т.е 29ти / 30ти ноември 2014 година. За повеќе информации датумот, местото и времето на одржување на едукациите погледнете го РАСПОРЕДОТ. а. РАСПОРЕД (ЛИНК) б. Групи Пункт Битола Пункт Велес Пункт ГОСТИВАР Пункт КОЧАНИ Пункт КУМАНОВО Пункт Охрид и дел Прилеп Пункт ПРИЛЕП Пункт Скопје 1…

повеќе...

Обука за 40 доктори од трауматологија

Четириесет лекари од одделенијата за трауматологија при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедија, анестезиологија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар, Специјалната болница по хируршки болести „Св.Наум Охридски“, Клиничките болници во Штип, Битола и Тетово, Општата болница во Охрид и други ќе бидат обучувани за спасување на живот, односно животнозагрижувачка здравствена состојба од шест лекари специјалисти од САД . Министерот за здравство Никола Тодоров, кој присуствуваше на првото предавање од оваа обука во Центарот за континуирана медицинска едукација, појасни дека обуката која ја спроведуваат докторите од САД, од бласта на трауматологија, е…

повеќе...

Охрид домаќин на 5-от конгрес на анестезиолозите на Македонија

Професори, познати лекари, анестезиолози од неколку Европски земји учествуваат на Петтиот меѓународен конгрес на анестезиолозите на Македонија што од вчера до недела се одржува во Охрид. На синоќешното свечено отворање на Конгресот, присутните ги поздрави и топло добредојде им посака градоначалникот Никола Бакрачески. „Како градоначалник на Охрид, имам привилегија да се обратам на многу настани кои се одржуваат во нашиов убав град, и морам да признавам дека сум особено воодушевен кога настанот е од областа на медицината. Како доктор по медицина, јас сум убеден дека вакви конгреси се едни од…

повеќе...

„МојТермин“ не го почитувале 162 доктори

Вкупно 162 доктори три пати или повеќе од три пати месечно задоцниле подолго од еден час на првиот закажан преглед во денот, покажала анализата на податоците од системот „МојТермин“. Министерот за здравство Никола Тодоров денеска на прес-конференција рече дека податоците ќе ги достават до сите директори на јавните здравствени установи со барање во рок од три дена да отпочнат прекршочни постапки за дисциплинска неуредност за секој од докторите. Во рок од 7 дена, посочи министерот, директорите треба да не информираат дека е поведена постапка и во кој рок постапката ќе…

повеќе...

Доделени решенија на 21 доктор за специјализации и субспецијализации во странство

Деветнаесет доктори добија решение за специјализација, а двајца доктори решение за субспецијализација во странство. Станува збор за доктори по општа медицина (или специјалисти) кои се во редовен работен однос во јавните здравствени установи во Република Македонија. На прес-конференција пред доделувањето на специјализациите и субспецијализациите која се одржа во Владата, министерот за здравство Никола Тодоров рече дека овие специјализации се во рамки на најавените 70 специјализации во странство, со што продолжува реализацијата на еден многу значаен проект, со кој на долг рок ќе се придонесе за професионално усовршување на кадарот од…

повеќе...

Во септември ќе почне едукацијата на првата група доктори и медицински сестри во Франкфурт

Министерот за здравство Никола Тодоров во рамки на работната посета на Германија, денеска потпиша Меморандум за соработка со реномираната Универзитетска клиника во Франкфурт, која се наоѓа во рамки на „Гете Универзитетот“. Потпишаниот меморандум за соработка меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Гете Универзитетската клиника во Франкфурт, опфаќа соработка во голем број медицински области, како што се: интерна медицина, торакална и васкуларна хирургија, кардиологија и кардиохирургија, педијатрија, гинекологија, анестезиологија, неврологија и неврохирургија, ортопедија, офталмологија, дерматологија, радиологија и други. Воедно, во рамки на соработката со Гете Универзитетската клиника, соопшти Министерството…

повеќе...