Кривична пријава за две лица кои изготвиле лажни испратници за дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измамување на купувачи”, продолжено казнено дело ,,фалсификување или уништување на деловни книги”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Ќ.(46) од струшкото село Велешта како и против С.П. (53) од Вевчани за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во текот на оваа година, пријавениот Е.Ќ. во својство на директор на правениот субјект „Лира 2016“ ДООЕЛ Струга, нелегално набавил 32 метри просторни дрвна маса и со употреба на погодно средство им ги отстранил ознаките. Тој, од второпријавениот С.П. вработен референт…

повеќе...

Се подготвува теренот за новиот дрворед на тротоарите на „Туристичка“

Дел од екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа со подготовки на теренот за засадување на новите дрва на тротоарите на бул. „Туристичка“. „Заради дотраеноста на стариот дрворед кој претставуваше опасност по минувачите и велосипедистите и предизвикуваше оштетување на бетонот, старите дрва беа отстранети и ќе бидат заменети со нови садници од сортата „јасен“ и „јавор“, на кои корените им одат во вертикала и нема да предизвикуваат пукање на асфалтот на тротоарите.“- велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

повеќе...

Се кројат дрворедите на ул. „Јане Сандански“

Од денес започна уредувањето на дрворедот на ул. „Јане Сандански“. Екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа со кастрење и кроење на гранките, како и сечење на старите, суви и уништени гранки, согласно претходна проценка од наши стручни лица. Со акцијата ќе се продолжи во наредните денови, а целта на оваа акција како и предходно е да се спречи кршење и паѓање на гранките на паркираните возила, и безбедно движење на пешаците по тротоарот.

повеќе...

Засадени садници во рамки на акцијата „Ден на дрвото“

Министерот без ресор Џери Наумов во придружба на претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска и заменик градоначалникот, Ангел Јанев, денес во паркот на Кејот засадија дрвца во рамки на акцијата „Ден на дрвото – Засадија ја својата иднина“. Дрвца засaдија и кандидадите за пратеници во ИЕ5, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски. Министерот без ресор Џери Наумов, потенцираше дека од огромно значење е засадувањето на нови садници, бидејќи зеленилото е важно за прочистување на воздухот и додаде дека ваквите акции треба да бидат се почести. Ваквите акции се само…

повеќе...

Царинската управа се вклучи во акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“

Царинската управа на Република Македонија, како во сите досегашни акции, активно се вклучи и во осумнаесеттата по ред акција „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина!“ под мотото „Засади еко иднина!“, која се одржа на 30 ноември 2016 година. Царинските службеници организираа активности за засадување на садници на сите гранични премини, а голема поддршка на акцијата дадоа и колегите, претставници на другите погранични служби, како од Република Македонија, така и од соседните земји. Оваа година македонските царински службеници засадија вкупно 200 садници. Царинската управа, поддржувајќи ја оваа акција го…

повеќе...

Утре ќе се одржи акцијата „Ден на дрвото- засади ја својата иднина“

Во рамките на акцијата „Ден на дрвото – Засади ја својата идинина“, што ќе се одржи утре ( 30.11.2016 година), покрај граѓаните ќе бидат вклучени основните и средните училишта од Општина Охрид. Основните училишта ќе засадауваат дрва и ќе реализираат активности во рамки на своите училишта, додека средните училишта ќе вршат пошумување на локалитетот „Мауцкер“. Тргнувањето на автобусите за сите заинтересирани ќе биде во 09 и 11 часот од пред Општина Охрид, ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“, ОУТУ „Ванчо Питошески“ и гимназијата ОСУ „Св.Климент Охридски“ .

повеќе...

Најмладите од ОУ „Григор Прличев“ се вклучија во акцијата „Садница плус“

По повод Денот на дрвото, денес учениците од Основното училиште „Григор Прличев“, Охрид, на одделенските часови се вклучија во одбележувањето преку акцијата „Садница плус“. „Целта на оваа ација беше секој ученик да засади семе и на тој начин, без да се попречува воспитно -образовниот процес, учениците да се вклучат. Засадувањето беше интересно и поучно за учениците, а посебен интерес покажаа најмладите.“- велат од училиштето.

повеќе...

Несовесни дрвари кутнаа дрво на сред автопат

Денес нешто по 14 часот, на автопатот Охрид-Струга, несовесни дрвосечачи кутнаа дрво кое падна на самиот автопат и го блокираше сообраќајот во двата правци. Прекинот траеше неколку минути, додека дрвосечачите ги кастреа гранките и го расчистуваа автопатот. WebOhrid

повеќе...

12-ти декември работен, ќе се одработува „Денот на дрвото“

Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека 12-ти декември (сабота) e работен ден. Се одработува 2 декември (средата) – „Ден на дрвото-засади ја својата иднина”.

повеќе...

Одбележување на 3.Декември – Меѓународниот ден на лицата со хендикеп и Денот на дрвото

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов во пресрет на 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, денеска прими ученици од Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов”, ученици од ООУ „Кузман Јосифовски Питу”, претставници од Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност” од Скопје, како и деца од Дневниот центар за лица со ментална и телесна попреченост од Берово. Присутните гости, заедно со претседателот Иванов и неговата сопруга, г-ѓа Маја Иванова засадија садници на македонски даб во дворот на Кабинетот на Претседателот…

повеќе...