Нов Управен одбор на ЕВН Македонија

Нов претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија е г-дин Штефан Петер, а негов заменик е г-дин Харалд Дамерер. Тие на овие позиции доаѓаат по истекот на договорите на претходниот менаџмент на г-дин Вернер Хенгст и г-дин Волфганг Шефер. Г-дин Штефан Петер има завршено студии за менаџмент со технички проекти и процеси, а на Универзитетот во Виена и Универзитетот за бизнис и економија во Минесота завршил МБА студии. Својата кариера во ЕВН ја започнал во 2001 година во одделот за набавки. По двегодишно раководење на одделот за набавки на ЕВН…

повеќе...

ЕВН Македонија ја санира дистрибутивната мрежа оштетена од големото невреме

ЕВН Македонија интензивно работи на санирање на штетите во дистрибутивната мрежа, настанати од големото невреме кое ја зафати Македонија за време на празниците. Над 10 столба на 35 кВ далекуводи, 60 на среден напон и над 60 на ниско напонско ниво се урнати или скршени во дебарскиот, охридскиот, ресенскиот и струшкиот регион. Сеуште има непристапни места на кои екипите е невозможно да работат. Со хеликоптер на полицијата беа скенирани критичните точки и секаде каде може да се пристапи, екипите работат на санирање на скршените столбови. Голем проблем на овие планински…

повеќе...

ЕВН Македонија и месното население од Реканскиот крај се договорија како да се надминат проблемите со електричната енергија

Сите населени места во Општина Маврово и Ростуше имаат електрична енергја. Прекините кои се јавуваат се од големите товари на трафостаниците кои се јавуваат поради двојно зголемената потрошувачка. Затоа, претставници на кризниот штаб на ЕВН Македонија, градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше и претседателите на месните заедници се договорија како да се надминат проблемите со електричната енергија додека траат минусните температури. Главните далекуводи се многу оштетени од снежното невреме и патиштата до нив се непристапни и ЕВН Македонија мораше да изгради привремен 10 кВ далновод за да донесе напојување до…

повеќе...

Преспанските, струшките и охридските критични населени места добија електрична енергија

Велестово, Брајчино, Љубојно, Долно Дупени, Радожда, Долно и Горно Татеши и неколку други населени места во охридскиот, преспанскиот и струшкиор регион добија електрична енергија. Екипите на ЕВН Македонија во доцните ноќни и раните утрински часови ги отстранија дефектите на 35 кВ далекуводи. Сега се работи на санирање на помалите дефекти во ниско напонската мрежа. Екипите се сега стационитрани на три преостанати точки каде треба да се нормализира снабдувањето со електрична енергија. Се работи интензивно на потегот кај Пренков мост, Луково Поле и Жировница. Од утрово на терен во критичните места…

повеќе...

Општина Дебрца, Вевчани, Велешта и други критични места добија електирчна енергија

Екипите на ЕВН Македонија санираа поголем број на дефекти настанати од интензивните снежни врнежи и силнот ветер по што состојбата со електро снабдувањето во кризните региони полека се нормализира. Доцна попладнето отстранети се дефектите на двете 35 Кв врски од Струга кон Суво поле од каде што со електричната енергија се напојуваат Вевчани, Велешта и околните села. Отстранет е и дефектот на 35 кВ трафостаница од каде со електрична енергија се напојува Лабуништа и нормализирано е снабдувањето на повеке населени места на тој потег.Во охридскиот регион состојбата е нормализира. Оспособени…

повеќе...

Поради долг ЈП „Билјанини Извори“ и ОУ „Григор Прличев“ исклучени од напојување со електрична енергија

ЕВН Македонија денеска им ја исклучи електричната енергија на Основното училиште „Григор Прличев“ и на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“. Како што дознаваме, екипите на ЕВН денеска попладне околу 16:00 часот дошле во јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти и ја исклучиле струјата од трафостаницата што се наоѓа во близина на спортската сала. Причината, веќе е позната, долгот од над 8 милиони денари што го има ова претпријатие кон ЕВН и којшто се таложел низ годините наназад. Локалната самоуправа успеа да издејствува склучување договор со ЕВН за плаќање на долгот…

повеќе...

Објектите на ЈП „Билјанини Извори“ повторно се вклучени на напојување

Попладневно објектите на ЈП „Билјанини Извори“ од Охрид повторно се вклучени на напојување на мрежата на ЕВН Македонија. Вклучувањето следува од како за ова лично се заложи градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески кој денес преговараше со менаџментот на ЕВН во Скопје. Сега повторно објектите ќе може да функционираат нормално, ќе се одржуваат тренинзи, а непречено ќе стартува и работата на базенот. ЈП „Билјанини Извори“ во моментов на ЕВН Македонија и должи нешто помалу од 8 милиони денари, долгови кои се насобирани во периодот од 2008 година до март 2013 година.

повеќе...

ЕВН ја исклучи струјата во Спортската сала „Билјанини Извори“

Спортската сала „Билјанини Извори“ остана без електрична енергија откако ЕВН Македонија ја исклучи заради неплатен долг во висина од над осум милиони денари. Оттаму велат дека долгот бил направен во периодот помеѓу 2008 и 2013 година кога не се подмирувале воопшто сметките за потрошената струја или се плаќала минимална сума.   Ова претпријатие е во тешка финансиска состојба, а тоа најмногу го чувствуваат вработените чии плати не се исплаќаат навреме.   Извор: Супер радио

повеќе...

ЕВН ќе замени оштетено броило за осветлување на три градски улици

Општина Охрид  денеска од  надлежните служби на ЕВН Македонија  побара  во најскоро време да го заменат броилото за улично осветлување кое е во дефект со ново, затоа што истото е причина деновиве без улично осветлување да се три градски улици „Марко Цепенков“ од кружниот тек 2 до Стобекс, улица „Прва Македонска бригада“ од Стобекс до воениот магацин и улица „Момчило Јорданоски“ од кружен тек 2 до населбата „Бараки“, лево и десно, како и до Охрид 2 односно до таканаречената 110-ка. Од ЕВН Македонија  велат дека во најскоро време ќе го…

повеќе...