Пуштени во употреба семафорите на пресекот на ул. „Железничка“ и „Кленоец“

На барање на граѓаните, а во рамките на програмата за работа на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, во соработка со СВР Охрид, денеска во употреба беа пуштени семафорите на пресекот на улиците „Железничка„ и „Кленоец“. Оваа крстосница беше позната како место каде што се случуваа голем број сообраќајни несреќи. Од Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици сметаат дека со поставувањето на семафорите ќе се зголеми безбедноста на одвивањето на сообраќајот.

повеќе...

Се расчистува ул. „Железничка“

Согласно програмата за работа и зимско одржување на магистралните патишта (ул. „Железничка“, бул. „Туристичка“ и ул. „15ти корпус“) обврска има ЈП „Македонија Пат” и истата завршува на 15ти Март, но затоа што нема најави за ниски температури и снег, 15тина дена порано екипите на ЈП „Охридски Комуналец” започнаа со отстранување на сите абразивни средства фрлени во зимскиот период од страна на ЈП „Македонија Пат”. „Ангажирани се 8 работници кои во наредните 3-4 дена ќе извршат темелно и генерално отстранување на истите. Се работи за поголема делница и големи количини на…

повеќе...

Активности на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“

Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец” вчера започнаа со чистење на ул. „Железничка” и ул. „15ти Корпус”, бидејќи заврши обврската на „Македонија пат” за зимско одржување на истите улици, велат од претпријатието. ЈП „Охридски Комуналец” врши отстранување на абразивни средства кои беа употребени за заштита против мрзнење и голомразица, наноси од земја, песок и израсната трева помеѓу коловозите и тротоарите. Ангажирани се 2 екипи од кои 4ца работници на потегот од кружниот тек по 15ти Корпус до „Застава агп”, и 6 работници од кружниот тек до петљата на излезот…

повеќе...

Груевски: Комплетно се подобрува железничката инфраструктура во земјава

Железничката станица во Прилеп заедно со Железничката во Скопје ќе бидат целосно обновени до крајот на годинава, најави премиерот Никола Груевски. „Во моментов се реконструира и Железничката станица во Велес. Другите железнички станици на Коридорот 10 овие недели ќе почнат да се реконструираат и треба да бидат готови до 2016 година“, изјави Груевски. Премиерот е задоволен како се одвиваат работите околу реконструкцијата на станицата која е дел од големата инвестиција од 2,5 милиони евра за реновирање на речиси сите железнички станици на коридорот 10.  „Сите овие железнички станици воопшто не…

повеќе...

Железничката станица во Скопје наскоро со нов лик

За три до четири месеци, според надлежните институции, ќе биде завршена обновата на Железничката станица во Скопје, која треба да добие комплетно нов и модерен изглед. Проектот за реконструкцијата на објектот изграден пред 35 години е во вредност од 2,4 милиони евра, од кои 85 проценти се обезбедени преку ИПА, а 15 проценти од Буџетот на РМ. „Ефективно се работи на објектот, постојано има дополнителни работници и очекувам дека за три-четири месеци комплетно ќе биде рехабилитирана Железничката станица“, – изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при денешниот увид…

повеќе...

Македонски железници доби 107 нови товарни вагони

Возниот парк на Македонски железници е збогатен за нови 107 товарни вагони кои денеска беа промовирани во Скопје. До крајот на месецот се очекува да бидат испорачани и останатите 43 вагони од словачката „ЖОС Трнава“ со што ќе се заокружи набавката во висина од 13,2 милиони евра. Премиерот Никола Груевски, кој заедно со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, присуствуваа на прмоцијата, истакна дека набавката на овие вагони е дел од стратегијата на Владата за целосна санација и ревитализација на македонскиот…

повеќе...

Македонија заинтересирана за брзата железница од Пиреја до Будимпешта

Македонија е заинтересирана да биде дел од проектот за изградба на пругата од пристаништето во Пиреја до Будимпешта. Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на денешната средба со кинеската делегација предводена од заменикот министер за национален развој и комисија за реформи Ксу Ксианпинг, заменик генералниот директор на кинеската железничка корпорација, Хуанг Мин и потпретседателот на кинеската Ексим банка, Сун Пинг. На средбата, како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот Пешевски, двете страни изразиле согласност да биде изработена физибилити студија за трасата каде би поминувала пругата и за цената…

повеќе...

Пругата од коридорот 8 целосно изградена во 2022 година

Изградба на делницата од пругата Куманово – бугарска граница од Коридорот 8, како и реконструкција и модернизација на десет железнички станици предвидува инвестициската програма 2015-2017 на МЖ која се проценува на над 200 милиони евра. Железничкото поврзување на Македонија со Бугарија и Албанија-Коридорот 8 се очекува да биде завршена во 2022 година. Како што информира на отворената владина седница Димитрула Ацеска, директорка на МЖ Инфраструктура изградбата на делот Куманово-Бељаковце од Коридорот 8, е во висина од 46,4 милиони евра, а се обезбедени од ЕБОР. Проектот е започнат со градба и…

повеќе...

Се расчистува речното корито на река Сушица и се расчистува ул. „Железничка“

По добиен налог од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, ЈП „Охридски Комуналец“ пристапи кон расчистување на речното корито на река Сушица, на потегот од ул. „15.ти Корпус“ до „Отпад“. „Во изминативе три дена речното корито се расчистуваше од расфрланиот отпад и неуредната вегетација која го попречуваше нормалниот тек на реката.“– велат од претпријатието. Согласно работниот календар, екипите на „Јавна хигиена“ денес и утре ќе ја расчистуваат детално улицата „Железничка“ по целата нејзина должина. „Ангажирани се 10 работници кои ги отстрануваат наносите од песок и земја…

повеќе...

Реконструкција на 10 железнички станици на коридор X

Започнa реализацијата на проектот за рехабилитација, надградба и реконструкција на железничките станици долж пан-европскиот коридор 10, вклучувајќи го и кракот 10-д во Македонија, согласно најдобрите практити во Европската Унија. По објавениот оглас на интернет-страницата на Европската Комисија на кој се бараа компании кои директно ќе го имплементираат проектот, до крајниот рок за поднесување на понудите се пријавија вкупно 9 компании. Во тек е постапката за евалуација на пристигнатите понуди. Согласно динамиката на реализација на проектот се очекува евалуацијата да се заврши до крајот на годината и веднаш потоа да се…

повеќе...