Согласно своите надлежности, Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира домашните компании дека Генералниот директорат за здравствена заштита и безбедност на храната на Европската комисија (DG SANTE) спроведе инспекциски контроли во Бразил со цел евалуација на контролите на производството на говедското, пилешкото и коњското месо и производите од нив, како и евалуација на контролите на резидуи и контаминенти во живи животни и производи од животинско потекло, вклучувајќи и контроли на ветеринарно-медицинските препарати. Во финалните извештаи од спроведените инспекциски контроли од страна на DG SANTE се утврдени наоди на недоследности при…
повеќе...Tag: забрана
ЗРРСК „Свети Апостол Петар“ Охрид: Бараме одговорност за уништувањето на охридската пастрмка
Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ – Охрид испрати соопштение до медиумите во кое бара одговорност за уништувањето на охридската пастрмка. „Бараме да се утврди одговорност кај надлежните установи и министерства и нивните раководни лица за уништување на охридска пастрмка и тие да бидат казнети согласно важечките законски и подзаконски регулативи. Повеќе од 22 години со стотици дописи и јавни изјави укажуваме дека охридската пастрмка полека се уништува и може да дојде до нејзино истребување. Наместо да ги разберат нашите укажувања надлежните институции со разни притисоци, уцени и заканувања…
повеќе...Воведена привремена забрана за лов на диви птици
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно член 16 став 4 од Законот за ловството донесе ЗАБРАНА за ловење на дивеч – диви птици. Забраната е привремена и се однесува на цела територија на Република Македонија поради опасност од ширење на заразна болест авијарна инфлуенца – птичји грип. Забраната за ловење диви птици стапува на сила веднаш и ќе трае се до нејзино отповикување. Казните за непочитување на привремената забрана се од 1.500 до 3.000 евра во денарска противредност за физички лица, а за правните лица е 8.000 евра.
повеќе...Воведено ограничување за движење на лица во шумите и шумските појаси
Од денес се воведува ограничување на движењето на сите лица во шумите и шумските појаси за периодот од 22.07.2015 година до 05.08.2015 година во термин од 7:00 часот наутро до 17:00 часот попладне (освен ако лицето нема добиено соодветна дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја). Ова ограничување не важи за вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја. Во периодот од 17:00 часот попладне до 7:00 часот наутро…
повеќе...Стартува времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила низ Скопје
Град Скопје, ги известува учесниците во сообраќајот, дека од вчера, 19-ти декември стартува времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила, чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува од 19-ти декември до 31-ви март 2015 година, во текот на денот и тоа од 08 часот до 20 часот. Времениот режим се воведува како мерка за справување со зголеменото загадувањето на воздухот на подрачјето на градот Скопје. Од ова решение се иземаат возилата кои…
повеќе...