Земјоделците ќе можат да се стекнат со старосна пензија

Владата на својата последна седница ги усвои измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои им се излегува во пресрет на барањата на земјоделците во нашата држава. По усвојувањето на овој закон од Собранието, ќе се создадат законски можности неколку стотици индивидуални земјоделци да се стекнат со старосна пензија. Ова законско решение ќе почне да се применува од 1 јануари 2016 година. Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој појасни дека со ова законско решение им се излегува во пресрет…

повеќе...

Груевски: Ќе се реши проблемот на земјоделците околу пензискиот стаж

Премиерот Никола Груевски очекува во наредните 10 дена трајно да биде решен проблемот на земјоделците околу пензискиот стаж плаќан по законите од 1978 до 1988 година. „Имаше барање од земјоделците за решавање на проблемот со нивниот стаж и на наредната седница на Владата ќе биде предложен закон со кој ќе се реши проблемот за нивниот пензиски стаж од 1978 до 1988 година“, рече премиерот Груевски, одговарајќи на новинарско прашање. Тој посочи дека во наредните 10 дена очекува законот да биде поставен и на собраниска седница и на тој начин трајно…

повеќе...

Голем интерес на земјоделците од Охридскиот регион за аплицирање по најновиот ИПАРД повик

Во тек е програмата наменета за рурален развој односно ИПАРД програма, со која програма се обезбедува финансиска помош за одржливо земјоделство и рурален развој. „Голем е интересот на земјоделците од Охридскиот регион за аплицирање по најновиот ИПАРД повик. Најголем е интересот за набавка на нови трактори и приклучна механизација. Зголемениот број на заинтересирани земјоделци е поради тоа што годинава има поволни измени во ИПАРД програмата за набавка на трактори и приклучна механизација.“ -информираат од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Р.Е Охрид. Ова се трите мерки од ИПАРД програмата,…

повеќе...

Исплатени 31,7 милиони денари субвенции на 17.630 земјоделци

Државата денеска исплати 31,7 милиони денари субвенции за добиточна храна, индустриски и житни култури. Министерството за финансии соопшти дека средствата се префрлени на сметките на 17.630 земјоделци. За одржување површини засадени со добиточна храна префрлени се 22,7 милиони денари на 15.232 земјоделци. Мерката изнесува 1.000 денари по хектар за одржување обработлива површина. За сончоглед и ориз исплатени се 9 милиони денари на 2.398 земјоделци. Мерката изнесува 3.000 денари по хектар за одржување површини засадени со овие култури. „Владата на Република Македонија и понатаму ќе продолжува да го поддржува земјоделството како…

повеќе...

Владата ќе им помогне на земјоделците погодени од поплавите

Заменик министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, завчера ги посетија поплавените подрачја во општина Новаци,остварија средба со градоначалникот Лазар Котевски, претседателот на Сојузот на земјоделци Вељо Тантаров и одржа состанок со раководството на земјоделскиот комбинат “Пелагонија”. „Заменик министерот го запознавме со актуелната состојба, каква е ситуацијата со поплавените подрачја, оштетувањата, претрпените штети и слично, ја скенираше состојбата со барањата и изјавите кои земјоделците секојдневно ги поднесуваат во општина Новаци. Досега има поднесено околу 250 барања за увид врз направените…

повеќе...

Можност за поднесување на годишни извештаи за персонален данок и барање за паушално одначување на земјоделците до понеделник / 2-ри февруари

Рокот за поднесување на годишните извештаи за персонален данок (обрасците ПДД-ГИ, ПДД-ГИ/ОЗП, ПДД-ГИ/ЗП и ПДД-ГИ/ОЦО) и Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец ПДД-ПЗ) е 31-ви јануари. Бидејќи последниот рок паѓа во сабота (неработен ден), потсетуваме дека согласно законот обрасците ќе можат да се поднесуваат и на 2-ви февруари 2015 година (понеделник), како прв работен ден.

повеќе...