Нова британска ИТ инвестиција од пет милиони евра

Британската компанија Allocate Software во Скопје го отвори новиот Центар за развој на апликации, кој ќе го зајакне техничкиот развој на пакетот апликации за пазарот на здравствени услуги.Со планирана инвестиција од пет милиoни евра, компанијата ќе вработи 50 водечки програмери за развој на софтверски апликации во Република Македонија. Компанијата има свои канцеларии во Сиднеј и Стокхолм и таа е водечки давател на услуги за специјалистички софтвер за оптимизација на работна сила. Министерот Ивановски обраќајќи се на настанот истакна дека компанијата од Лондон ги препозна позитивните предуслови кои ги нуди Македонија,…

повеќе...

Започнува проектот за доделување на таблети за студентите

Министерот Ивановски денеска го претстави проектот за доделување таблети на студенти, како дел од новиот сет економски мерки на Владата на Република Македонија. Според него, ќе бидат доделени 12.000 ваучери за набавка на вакви уреди, што ќе биде од корист како за студентите, така и за развојот на економијата. Компаниите кои ги исполнуваат условите можат да аплицираат во министерството и да започнат со привлекување на студентите за искористување на ваучерите. „Анализата која што ние ја имавме направено како Влада за тоа кои се цените и кои се таблетите што се…

повеќе...

Доделени дипломи на државни службеници за познавање на француски јазик

Во рамките на програмата „Францускиот јазик во дипломатијата и јавната администрација“ на Меѓународната организација на Франкофонијата, свечено беа доделени ДЕЛФ/ДАЛФ доживотни дипломи на 73 македонски државни службеници, учесници во Националната програма за 2014 година. Дипломите ги доделија амбасадорката на Република Франција, Лоренс Оер и државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, Јахи Јахија, а на настанот присуствуваше и директорката на Францускиот институт, Изабел Марки Барбо. Државниот секретар Јахија, меѓу другото истакна дека досега се реализирани многу активности и успешни проекти, а веќе се прават подготовки за потпишување на…

повеќе...

Работен состанок со ИКТ компании членки на МАСИТ

Во рамките на континуираната соработка со компании од стопанските комори, министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и Марта Арсовска Томовска, денеска имаа работен состанок со претставници на компаниите членки на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ. Ивановски ги запозна присутните со тековните активности на министерството во ИКТ сферата, како и со новите владини проекти за развој на информатичкото општество. „Ќе се доделуваат таблети со тастатура на сите студенти на приватни и државни факултети во трета или четврта година од студиите, доколку нивните семејства…

повеќе...

Министерот Ивановски на бизнис форум во Естонија за привлекување на странски инвестиции

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, од денес, 11-ти до 13-ти (петок), ќе биде во посета на Естонија, каде ќе учествува на бизнис форум во организација на Стопанската Комора на Естонија. Тој ќе има презентација пред информатички компании од Естонија, на која ќе ги претстави потенцијалните можности за инвестирање во Република Македонија, со фокус на ИТ секторот. Министерот Ивановски ќе посети и неколку естонски компании, кои работат во областа на информатичко-комуникациската технологија. Активностите се во рамките на владините роуд шоу активности за привлекување на странски инвестиции.

повеќе...

Презентација на напредни ИТ алатки и програми за јавниот сектор

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и Мајкрософт Македонија ќе потпишат Меморандум за соработка, со што ќе се прошири соработката, а во тие рамки во следните три години ќе бидат обучени 200.000 студенти и наставници. Во Скопје се одржува дводневна конференција „Недела на јавниот сектор“, што вторпат ја организира Мајкрософт Македонија во соработка со МИОА. „Во рамките на соработката што ја имаме со Мајкрософт Македонија договоривме во согласност со нивната програма Youthspark во наредните три години да се обучат двете илјади студенти од Република Македонија за користењето на најновите…

повеќе...