Претседателот Иванов со честитка до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар. „Почитувани, Ми претставува особено задоволство во овие празнични денови, на сите верници на Католичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам големиот празник на Христовото раѓање – Божиќ. Божиќ е празник кој го слави раѓањето на синот Божји. На овој празник ја славиме љубовта, надежта и животот. Ова е период од годината кога повторно се навраќаме на основните човекови вредности, кон потребата да бидеме солидарни, хумани и човечни, да…

повеќе...

Божиќна честитка од градоначалникот Бакрачески за верниците од католичка вероисповед

По повод Христовото раѓање – Божиќ, кој припадниците на католичката црква го прославуваат денес, 25 декември, градоначалникот Никола Бакрачески упати честитки до сите верници. „Божиќ е најголемиот христијански празник кој ги истакнува, семејните вредности, човечката добрина и взаемното разбирање. Овој празник на љубовта и добрината нека ви донесе хармонија и спокој, позитивна мисла и светлина и топлина во вашите домови. Божиќ е празник на лубовта и надежта, празник кој не потсетува дека треба да ги следиме етичките начела во нас и да дејствуваме во согласност со честа и вистината. Со…

повеќе...

Католички Божиќ

Христијанските цркви кои го прифатиле сметањето на времето според Грегоријанскиот календар, денес го слават Божик, празникот на раѓањето на Исус Христос. Божик денес, освен Римокатоличката црква и западните цркви, го празнуваат и православните цркви кои на крајот на минатиот век го прифатиле Грегоријанскиот календар. Според евангелиското предание, Исус Христос е роден на 25 декември во Витлеем, така што овој датум како почетокот на новата ера и новата историја на човештвото со разликите во календарите, се пошитува во целиот христијански свет. 13 дена подоцна, Божик според Јулијанскиот календар ќе го прослават…

повеќе...

Вторник неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 1 ноември (вторник), Празникот на сите светци е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија.

повеќе...

Заев: Големите предизвици се надминуваат со голема духовна сила и верба во вистината

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во чест на најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, г-дин Киро Стојанов, како и до сите граѓани од католичка вероисповед и други кои го празнуваат денешниот ден. „Ви го честитам од срце големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име. Пожелувам добро здравје, мир, семејна харомонија и лична и колективна благосостојба за сите. Ова се времиња на големи предизвици, што ја искушуваат вербата во…

повеќе...

Иванов со честитка до сите христијански верници кои ги прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх, д-р Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар. „Почитуван д-р Стојанов, Ми претставува особено задоволство, Вам и на сите верници на Католичката црква во Република Македонија, да Ви го честитам христијанскиот празник – Велигден. Празнувајќи го големиот празник – Велигден, ја славиме победата над смртта и триумфот на љубовта и надежта. Христовата жртва е завет за генерациите кои ја…

повеќе...

Честитка од градоначалникот Бакрачески по повод католички Велигден

Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески, по повод големиот празник Велигден, упати честитка до верниците од католичка вероисповед, посакувајќи им празнувањето да го поминат во радосна атмосфера, во кругот на семејството и пријателите. „Големиот христијански празник Велигден, еден од најважните  денови во историјата на човештвото, поминете го во голема радост кон животот и љубовта, самопочитувањето и почитувањето на другите.Овој светол ден нека биде вечна стремеж кон поттикот за саможртва во секојдневието и упорна борба за доброто и победа над злото, длабоко уверени во потребата за човекољубие и почитување на христијанските…

повеќе...

Воскресение Христово – Велигден (католички)

Христијанските верници од католичка вероисповед денеска го празнуваат големиот празник Воскресението Христово – Велигден, денот кога Исус Христос, според верувањата воскреснал од гробот. Претходно, откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Христос и Го предадоа на Пилат со барање да биде распнат, а Пилат за да им угоди конечно така и пресуди иако не Му најде вина, Господ пострада со смрт на Крст. Висеше меѓу двајца разбојници, од кои едниот Го похули а другиот Го прослави, спасувајќи се со ова себеси за живот вечен. Во оној страшен миг неговите ученици…

повеќе...

Божиќна честитка од премиерот Груевски

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, како и Д-р. Киро Стојанов Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Република Македонија. „Почитуван г. Стојанов, Дозволете ми Вам лично, на Вашето ценето свештенство и монашки заедници и на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам големиот христијански празник – Божиќ. Божиќ е празник на љубовта и радоста, празник на спокојот и милосрдието, празник кој…

повеќе...

Честитка од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод најголемиот христијански празник Воскресение Христово Велигден

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод најголемиот христијански празник Воскресение Христово Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов, како и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија. „Во мое име, и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Ви упатувам срдечни честитки на Вас, и на граѓаните коишто го празнуваат денешниот најголем христијански празник Воскресението Христово Велигден. На сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, и Вам лично, Ви посакувам да ги поминете Велигденските празници во духовен мир, семејна хармонија…

повеќе...