Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

Стандард и Пурс ја потврди оценката за Македонија, односно го потврди нашиот кредитен рејтинг, што е добар сигнал растот на македонската економија, за добрата состојба на јавните финансии и добар сигнал за странските инвеститори, оцени вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. „Тоа секако е добар сигнал дека македонската економија има добар тренд на раст, дека бизнис климата е добра, дека јавните финансии се во добра состојба, и секако е добар сигнал кон инвеститорите бидејќи тие го имаат предвид рангирањето на земјите и рејтингот што го даваат реномираните меѓународни корпорации“,…

повеќе...

Промовирани четири мерки за кредитирање за нови работни места и за самовработувањето

Четири мерки за кредитирање за отворање нови работни места и за потикнување на самовработувањето и формирањето сопствени бизниси во Република Македонија промовираа денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија Влатко Поповски. Овие мерки, истакна министерот Спасов, се реализираат од 2008 година и имаат голема успешност, голем процент на се уште вработени лица кои аплицирале и учествувале во искористувањето на овие мерки. „Приоритет на Владата е отворање нови работни места за невработените лица особено за младите лица до 29 години.…

повеќе...

Со “фалс“ документи заложиле туѓ стан, добиле кредит и парите си ги поделиле

СВР Скопје–Единица за економски и компјутерски криминал до Основното Јавно Обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против четири лица од Скопје и тоа против Ч.Т. (57) заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело  – “измама при добивање кредит или други околности“, Т.Т. (48) за кривично дело – “фалсификување исправа“ и “соизвршителство“, Д.К. (28) за “соизвршителство“ и З.М. (56) за кривични дела “поттикнување“ и “соизвршителство“. Имено, на 19.06. минатата година до СВР Скопје-ЕЕКК, лицето Т. Д. од Скопје, поднесе кривична пријава против непознат сторител, како и кривична пријава против…

повеќе...

Од 7000 евра до 23 000 евра поволен кредит со 1% камата за самовработување на млади

Од 7 до 23 илјади евра кредит со каматна стапка од еден процент годишно, грејс период од 1,5 години и 5,5 години рок за отплата, можат да добијат од државата млади лица до 29 години кои сакаат да отворат сопствен бизнис или правни лица кои планираат да вработат млади од оваа категорија. За таа цел веќе е распишан оглас кој ќе трае до 18 јуни годинава. „Условите под кои може да се добијат кредитните средства се: за кредитобарателот по 7.000 евра, а за секое новоотворено работно место дополнителни 4.000 евра,…

повеќе...