„Обојени програм“ ќе свират на Фестивалот за процесирање култура „ДримOn“ во Струга

Пионерите на српскиот алтернативен звук, „Обојени програм“ ќе настапат на четвртото издание на Фестивалот за процесирање култура „ДримON“ во Струга. Нивниот концерт е закажан за вториот ден на фестивалот, во четврток, 28 јули и ќе започне од 22 часот. Познати по своите интересни надреалистички текстови, заразни мелодии и истрајност на сцената, новосаѓаните настапуваат на главната сцена на „ДримON“, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Публиката во Струга ќе има можност во живо да ги чуе Љуба, Бебец, Кебра и Цина, со добро познатите „Небо, небо плаво је“, „Кад се неко…

повеќе...

Прв ден од посетата на министерот Јолевски на САД – интензивни средби во Вашингтон

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски кој е во работна посета на САД, вчера оствари средби со сенаторот Том Котон, со поранешниот советник за национална безбедност на претседателот Обама, генерал Џим Џонс, со советникот за безбедносна и одбранбена политика во Герман Маршал Фонд, Дерек Колет, а оствари средба и со претставници на американска компанија заинтересирана за инвестирање во наменска индустрија во Македонија и во полигонот Криволак. На средбите министерот Јолевски ги информираше соговорниците за реформите во одбраната, за процесот на модернизација на АРМ кој се реализира согласно НАТО…

повеќе...

Вработен во општина Струга фалсификувал и употребил исправа со невистинита содржина

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „фалсификување на исправа“ и „ употреба на исправа со невистинита содржина“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против П.А. (48) од струшкото село Заграчани, вработен во општина Струга. Во периодот од април 2015-та до јануари 2016-та година, пријавениот во својство на службено лице вработен во општина Струга, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своето службено овластување, од вработен и овластен работник во одделот за финансии во општина Струга, побарал да му изготви уплатница ПП-60 од општината…

повеќе...

Во индустријата најголеми трошоците за заштита на животната средина

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2014 година изнесува 6 622 042 илјади денари. Учеството на трошоците за заштита на животната средина во БДП во 2014 изнесува 1.3%. Вкупните трошоци за заштита на животната средина, според еколошката намена, се распределени како што следува: најголемо е учеството на трошоците за циркулациски систем за снабдување со вода (25.2%), потоа учеството на трошоците за постапување со отпад (17.7%) и трошоците за управување со отпадни води (16.0%). Учеството на трошоците за заштита на воздухот изнесува…

повеќе...