Арнаудов: Набрзо ќе се реализираат проектите кои се од витално значење за Охрид

Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид и Пратеник од ВМРО ДПМНЕ Др.Љубен Арнаудов денес одржа прес-конференција пред мостот на каналот Студенчишта на која укажа на дел од ветувањата кои ги дале во изборната кампања. Тој потенцира дека тоа се ветувања и проекти кои во целост произлегуваат од реалната потреба на граѓаните.  „Би сакал да потсетам на дел од главните проекти за градот Охрид, проекти кои се од витално значење и кои преставуваат визионерска идеја за развој на нашиот град Охрид. Проектирање и изградба на МАРИНА во Охрид е проект кој ќе…

повеќе...

Во Охрид ќе се градат Конгресен центар, катни гаражи и други капитални проекти

До крајот на 2016-та и во првата половина на 2017-та во Охрид ќе започнат да се градат повеќе капитални објекти чија вредност е над 25 милиони евра, а кои се од голема потреба за граѓаните и кои во изминатите децнии беа напразно ветувани, а сега конечно се реализираат. Годинава треба да се градат нова марина, две катни гаражи, пешачка патека од пристаниште до Канео, Конгресен центар, како и нов објект за Домот на култура. Заедно со претходно потпишаните инвестиции за градба на покриен базен и покриен зелен пазар, нова современа…

повеќе...

Груевски: Марина ќе се гради, веќе е почната процедурата

Марина во Охрид ќе се гради и веќе е објавен конкурс за идејно решение за две локации, информира денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на охридскиот регион. Едната локација, појасни тој, е на пристаништето, а другата е кај каналот на Армијата на Република Македонија. Откако ќе се добијат идејни решенија ќе се одлучи на која локација ќе се гради марината. „Има луѓе што сметаат дека треба на едното место, а други кај другото па затоа јавниот повик е да се изработи идејно решение за двете места.…

повеќе...

Објавен повик за идејно решение за марина во Охрид

Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за изработка на идејно решение за надградба на градското пристаниште и изградба на нова марина во општина Охрид. Се предвидува идејното решение за марината да се изработи на локација пред центарот за обука за вода на АРМ и езерската полиција во Охрид, од каналот Билјанини извори во правец кон Горица. Проектот со идејно решение треба да содржи изградба на понтонски мостови со можност на поврзување на марината и градското пристаниште. Исто така во идејното решение треба да се обезбеди место за приврзување…

повеќе...

Усвоена физибилити студијата за изградба на марина на малото пристаниште во Охрид

Изгласувањето на точката за прифаќање на физибилити студијата за јавно приватно партнерство за изградба и управување со “мала марина“ на локација мало пристаниште, на денешната седница на Советот на општина Охрид, предизвика најмногу дискусии меѓу советниците и претставниците на локалната власт. Градоначалникот Никола Бакрачески, истакна дека ги разбира различните ставови во однос на оваа тема, но потсети дека Локалната самоуправа се води од законски прецизни и научно издржани анализи во спроведувањето на процедурите за сите проекти кои ги отпочнува: „За жал и денес како многу пати досега имавме доста произволни…

повеќе...

Пешачка патека од пристаниште до Канео и марина ќе добие Охрид

Пешачка патека од градското пристаниште до населбата Канео и модерна марина ќе добие Охрид, најави денес премиерот Никола Груевски при работна посета во градов. Премиерот истакна дека станува збор за битни проекти за Охрид кои се дел од програмата на Владата и посочи дека за истите веќе разговарале со градоначалникот на Охрид и министерот за транспорт и врски. „Сега треба да почне реконструкција, односно да почне изработка на проект за што министерот за транспорт и врски ќе започне процедури и некаде за од прилика една година отсега или година и…

повеќе...

Наскоро ќе започне изградбата на марина

Привршуваат подготовките  за утврдување на конечната локација за изградба на марина, капитален проект  чија изградба се најавува со години. Изградбата на овој исклучително важен проект финансиски ќе биде подржана од Владата, со средства од буџетот на Република Македонија. За изградба на марината засега има две опции за одредување на локацијата. Една е локацијата во централното градско подрачје кај старото градско пристаниште, а втората е во околината на каналот Студенчишта, за која треба да се остварат некои предуслови.Се преговара со Министерството за внатрешни работи и со Министерството за одбрана околу можноста…

повеќе...