Свечено отворено 55-то издание на Струшките вечери на поезијата 2016

Струшките вечери на поезијата се голем триумф на македонската култура и традиција. На еден благороден начин го збогатуваат европскиот и светскиот културен простор, ги афирмирааат поетските вредности на сите светски јазици и го глорифицираат универзалниот сон на човештвото кој вели дека поезијата ќе го спаси Светот, истакна синоќа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на отворањето на 55. јубилејно фестивалско издание. Фестивалот почна со традиционалното читање на Константиновата Т’га за југ и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата, а по официјалното отворање продолжува со Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.…

повеќе...

Уреден изложбениот простор на Природонаучниот музеј, се реконструира амфитеатарот, ќе се обновуваат депоата

Целосно санирање и уредување на изложбениот простор е направено во Природонаучниот музеј на Македонија, во тек е уредување на амфитеатарот кое треба да заврши до крајот на септември, а идната година во рамки на проект од програмата на Владата ќе се реализира проект за обнова на депоата во таа институција. Сите овие инвестициски зафати за техничко-технолошко осовременување на Природонаучниот музеј, кое се одвива во неколку фази, се реализираат со средства од Министерството за култура. Природонаучниот музеј денеска го посети министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, која на средбата со директорот…

повеќе...

Културно-едукативен хепенинг „Кокино – тврдина на Сонцето“

Културно-едукативен хепенинг „Кокино – тврдина на Сонцето“ со организирани едукативни тури до опсерваторијата, предавања од областа на астрономијата, поетско читање, работилници за керамика, филигран, компостирање, оригами, и настапи на Мухамед Ибраими, Фолтин и Кирил Џајковски се реализира вчера на мегалитската опсерваторија Кокино. Хепенингот е во рамките на проектот на Владата и на Министерството за култура „Кокино – македонски бренд“ и имаше хуманитарен карактер, а сите донирани средства од посетителите се наменети за жителите од поплавените подрачја. Организатор на настанот беше продукцијата „Пасворд“. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска при синоќешната посета…

повеќе...

Македонија стана атрактивна туристичка дестинација со вложувањето во заштита на културното наследство

Во последните неколку години Министерството за култура поддржа бројни проекти од областа на културното наследство, неговата соодветна заштита, промоција и афирмација. Како резултат на тие вложувања Р.Македонија стана атрактивна туристичка дестинација за бројни домашни и странски турситисти. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска истакна дека придобивките од вложувањето во сите проекти за заштита на културно наследство се огромни. „Наша цел беше соодветно да ги заштитиме и презентираме наодите кои беа пронајдени при бројните археолошки истражувања низ целата држава, да го реставрираме и ревитализираме нашето недвижно културно наследство, да ја унапредиме…

повеќе...

Министерката Канческа-Милевска оствари средба со делегација од Турската Влада

Mинистерката Елизабета Канческа-Милевска денеска во просториите на Министерството за култура оствари средба со делегација од Република Турција предводена од директорот на Генералниот директорат на Вакафи, Аднан Ертем … На средбата на која присуствуваше и државниот секретар Бехиџудин Шехаби, беше потенцирано дека двете земји имаат традиционално одлична соработка која ги опфаќа сите сегменти од културата. Канческа-Милевска подвлече дека во рамките на досегашната успешна соработка реализирани се повеќе проекти во областа на заштитата на културното наследство, меѓу кои обновата на родната куќа на родителите на Ататурк во Коџаџик, Спомен-собата на Мустафа Кемал…

повеќе...

Значајни културни содржини на одбележувањето на 1100-годишнината од упокојувањето на Св.Климент Охридски

Значајни културни содржини во насока на одбележување на 1100-годишнината од упокојувањето на големиот мисионер, Св. Климент Охридски, ќе реализираат Министерството за култура и институциите од областа на културата заедно со Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). На денешното претставување на културните содржини на прес-конференција во МАНУ, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска рече дека на 8 август во црквата „Света Софија“ во Охрид ќе биде отворена изложбата на копии на фрески насловена како „Портретите на Свети Климент Охридски во ликовната уметност на Македонија и на соседните земји“ која претставува…

повеќе...

Во Охрид ќе се реализираат 22 инвестициски зафати

Повеќе од 22 крупни инвестициски зафати ќе се реализираат во Охрид во наредниот период. Дел од нив се во тек, а реализацијата на останатите ќе почне наскоро, информира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при посетата на Охрид. Двете најголеми инвестиции што ќе ја одбележат оваа градежна експанзија се изградбата на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник и изградбата на автопатот Охрид-Кичево, чија реализација треба да заврши кон крајот на 2018 година. „Освен културниот дел се подготвуваат и проекти кои ќе значат многу за Охрид, меѓу кои е и изградбата на две или…

повеќе...

Канческа-Милевска се сретна со Елина Гаранча и Ион Марин

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска по спектакуларното отворање на 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“, синоќа оствари средба со ексклузивните гости кои ги освоија симпатиите на публиката на Античкиот театар, прочуената мецосопранка Елина Гаранча од Латвија и романскиот диригент Ион Марин. Таа им го честиташе успешниот настап на нашиот најреномиран музичко-сценски фестивал и им подари карактеристични и впечатливи артефакти преку кои големите уметници ќе го чуваат споменот за Охрид и „Охридско лето“. На Елина Гаранча и подари накит со македонски рубин, додека на Ион Марин, приказ на сребрена пафта која…

повеќе...

Свечено отворање на 67-то издание на реномираната манифестација „Дубровнички летни игри“

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, на покана од хрватскиот министер за култура Златко Хасанбеговиќ, синоќа присуствуваше на свеченото отворање на 67-то издание на реномираната манифестација „Дубровнички летни игри“ во Дубровник, Република Хрватска. Свеченото отворање на оваа манифестација, која е една од најеминентните во пошироки рамки, беше доверено на светски познатиот тенор и диригент Хозе Кура од Аргентина, кој е интернационално прочуен по своите интензивни и оригинални интерпретации на оперските ликови, особено на водечката ролја Отело во истоимената опера на Верди. На „Дубровничките летни игри“ од 10 јули од 25 август…

повеќе...

Никола Маџиров национален уметник за 2016

Македонскиот поет и преведувач Никола Маџиров е избран за национален уметник за 2016 година. Ова денеска го соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. „Согласно законскиот рок, утврден во Законот за национален уметник, до Министерството за култура оваа година пристигнаа три иницијативи. Од Младинскиот културен центар за Никола Маџиров, од Хуманитарното друштво Хендикепирано лице од Скопје за д-р Самуел Садикарио и Друштвото на писатели на Македонија за академик Радован Павловски“, информира Канческа-Милевска. Увид во иницијативите, како што рече, изврши Комисија составена од академиците Митко Маџунков и Вера Битракова Грозданова, проф. м-р…

повеќе...