Никола Маџиров национален уметник за 2016

Македонскиот поет и преведувач Никола Маџиров е избран за национален уметник за 2016 година. Ова денеска го соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. „Согласно законскиот рок, утврден во Законот за национален уметник, до Министерството за култура оваа година пристигнаа три иницијативи. Од Младинскиот културен центар за Никола Маџиров, од Хуманитарното друштво Хендикепирано лице од Скопје за д-р Самуел Садикарио и Друштвото на писатели на Македонија за академик Радован Павловски“, информира Канческа-Милевска. Увид во иницијативите, како што рече, изврши Комисија составена од академиците Митко Маџунков и Вера Битракова Грозданова, проф. м-р…

повеќе...

„Поетска веселба во училишните клупи –средба со писателот Мирко Томовски“

Датумот 05. 12. 2014. година ќе биде спомен за учениците од вторите и петтите одделенија при ОУ „Григор Прличев“ –Охрид за незаборавното дружење со писателот Мирко Томовски. Учениците имаа прекрасна можност да се запознаат, да поразговараат и да ги слушнат неговите најнови поетски бисери за најмладите. „Веселба во шумата“ се претвори во веселба во училишните клупи, бидејќи учениците го погледнаa и слушнаа видео записот на песничките „Срничка“ и „Благодарам“, чиј автор на текстот е Мирко Томовски и кои беа испеани на „Распеано рибарче“ 2013 и 2014 година, како и голем…

повеќе...

Писателот Тоде Илиевски на дружба со ученици од ОУ „Христо Узунов“

За време на посетата на градската библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, третоодделенците од ОУ „Христо Узунов“ , воодушевени посебно од збирката книги од роднокајните писатели изразија желба да се запознаат со некој од нив, на што вработените од библиотеката и писателот Тоде Илиевски им излегоа во пресрет, ја исполнија нивната желба и денес, писателот беше гостин во Основното улилиште „Христо Узунов“, меѓу малечките читатели. Во една весела, пријатна атмосфера, децата се запознаа со некои автобиографски податоци за авторот и некои од објавените дела на Тоде Илиевски наменети за најмладата читателска…

повеќе...