Лица од Делогожда и Велешта затекнати при купопродажба на дрога во Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги и психотропни супстанци и прекурсори“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р.(31),Е.З.(30) двајцата од Охрид, Ф.К.(27) од струшкото село Делогожда, А.Х.(21) и Б.И.(24), двајцата од струшкото село Велешта. По добиени оперативни сознанија, полициските инспектори ги затекнаа пријавените при купопродажба на опојна дрога марихуана што била претходно договорена да се реализира на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид во близина на брегот на Охридското езеро. Притоа, пронајдена е една сива најлонска кеса облепена со…

повеќе...

Кривична пријава за тетовец кој ограбил жител на струшко Подгорци

Поради постоење основи на сомнение за казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Џ.С. (35) од Тетово. На седми февруари оваа година, пријавениот искористил згодна прилика и од џебот на И.А (78) жител на струшкото село Подгорци одзел паричник со 145 евра и 10.500 денари. Кражбата се случила пред Стопанска банка во Струга каде И.А. ја подигнал својата пензија. Излегувајќи од банката во него се втурнале две лица по што оштетениот набрзо забележал дека му го нема паричникот. И.А. кражбата веднаш ја пријавил во полициската станица…

повеќе...

Непознат сторител извршил тешка кражба во продавница во Струга

Во периодот од 03 до 04.12.2014 година, во Струга непознат сторител со употреба на погоден предмет влегол во продавница за сребрен накит сопственост на В.А.Р.(24) од Скопје, при што извршил тешка кражба на разновиден сребрен накит и дигитален сеф во кој имало документи. Извршен е увид, материјалната штета дополнително ќе биде утврдена, а се преземаат мерки за откривање на сторителот.

повеќе...