Доделување на „Орден за заслуги за Македонија“ на Народната банка на Република Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес ќе го додели признанието „Орден за заслуги за Македонија” на Народната банка на Република Македонија. Народната банка на Република Македонија се одликува со „Орден за заслуги за Македонија” по повод 70 години од основањето, а особено за постигнатите исклучителни резултати во централнобанкарското работење, како независна, емисиона банка и главен носител и столб на макроекономската стабилност на суверена и самостојна Република Македонија.

повеќе...

Орден за заслуги на Италија за Канческа-Милевска

Орденот од Италијанската Република е валоризација на многубројните проекти од областа на културата што ги реализиравме во изминатиот период во сите дејности од областа на културата, особено во меѓународната соработка. Ова е признание кое нашиот труд го прави исклучителен, забележан, верификуван и награден … Италијанскиот амбасадор во Македонија Ернесто Масимино Белели денеска на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска ѝ врачи „Орден за заслуги на Италијанската Република“. ­ Канческа-­Милевска го добива Орденот за нејзините посебни заслуги, за придонесот и интересот да ни помогне во заемно ширење на нашите култури. Исто така…

повеќе...

Македонската филхармонија доби Орден за заслуги за Македонија

Првиот симфониски концерт кој Филхармонијата го извела една година по основањето била Бетовеновата трета симфонија „Ероика“ која, рече претседателот, пред 210 години со право била разбрана како музички манифест на незапирливиот човеков стремеж кон слободата, а македонските музичари со ова дело во 1945 го надополниле манифестот на АСНОМ за слобода. „Ова е признание за сите генерации музичари, солисти, диригенти, директори, за сите допрени срца и незаборавни изведби и во земјава и во странство. Ова е искрена благодарност за сите прекрасни музички моменти и доживувања, но и обврска за во иднина“,…

повеќе...