Прилеп и Крушево – мета на балканскиот параглајдерски крем

Изминатиов викенд во организација на градот Прилеп, УСАИД и Параглајдерскиот клуб „Скај Рајдер”се одржа Параглајдерски натпревар „Прилеп Опен 2015”. Учествуваа 80 параглајдеристи од 4 држави: Албанија Бугарија и Косово како и пилоти Параглајдеристи од Македонија. Првично место на одржување требаше да биде Трескавец, но поради метео условите се леташе од Новоселски рид на 14 км западно од Прилеп, и од Крушево. Натпреварот се состоеше од 5 серии во кои 3-то место го освои Мартин Јованоски, втор беше Миле Јованоски, а нијанси одлучуваа за освојување на првото место, кое овојпат му…

повеќе...

Еден фински и еден германски параглајдерист со тешки телесни повреди примени во Клиничкиот центар во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се пријавени два одвоени несреќни случаи во кои што двајца странски државјани (параглајдеристи) се здобиле со тешки телесни повреди и се згрижени во Клиничкиот центар во Скопје. Во првиот случај пријавен околу 14,30 часот, во буковата шума на м.в.Лимо Нивје во близина на Мечкин Камен од страна на лицето А.С. од Финска кој е инструктор за летање ,бил пронајдено лицето Н.Т.К. исто така од Финска кој околу 10 часот полетал со параглајдер од полетиштето на м.в. Мечкин Камен а било забележено дека го нема околу…

повеќе...

Загина параглајдерист во прилепско

Педесет и петгодишниот параглајдерист Рон Ашуан од Израел денеска го загуби животот кај прилепското село Врбоец. Според јавниот обвинител Мимоза Мрмеска, која заедно со полицијата врши увид на местото на несреќата, трагедијата се случила околу 13 часот кога група параглајдеристи вежбале за меѓународен натпревар кој треба да се одржи утре. „Параглајдеристот полетал од Крушево. Групата тренирала за утрешниот натпревар. Од засега непознати причини параглајдеристот паднал кај селото Врбоец и починал на местото на несреќата. Ќе се изврши обдукција за да се утврдат причините за смртта“, рече Мрмеска. Извор: Нет Прес

повеќе...

Полетилиште за параглајдери во Галичица

Планината Галичица, која е една од најатрактивните локации за летање со параглајдер во Македонија, во текот на оваа година ќе добие уредено полетилиште и слетилиште за параглајдери. Ова е предвидено во рамки на проектот „Параглајдинг туризам“ кој Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот го реализира во соработка со УСАИД. „Ќе се пристапи кон уредување на полетилиштето со поставување на информативни табли и патокази, како и поставување на ветроказни и метеролошки станици како дел од завршувањето на првата фаза“, пишува во Програмата на АППТ предвидена за 2015 година. Освен полетилиштето…

повеќе...

Проект за развој на туризмот во областа на слободното летање со параглајдери и делтаплани во Република Македонија

АППТМ – Агенција за промоција и Подршка на Туризмот на Македонија за основната цел има, иницирање на поинтензивен развој на туризмот во сите свои сегменти на и што поуспешно да ја промовира државата преку туризмот . Оваа гранка станува се позначаен фактор за развојот и двигател на стопанството. Неизмерното богатство на културни знаменитости, богатата историја, природното и културното наследство ја вбројуваат меѓу државите, кои во последно време бележат најбрз пораст на посетители. Во правец на реализација на тие задачи е креирање и реализирање на проекти за развој на разните типови…

повеќе...

Параглајдерист загина во Охрид

Унгарец на возраст од околу 30-35 години попладнево го загуби животот во Љубаништа, Охрид. Странскиот државјанин летал со параглајдер, по што неофицијално паднал со леталото во водите на езерото. Од охридската полиција за Курир ја потврдија несреќата, истакнувајќи дека смртта кај Унгарецот била констатирана од лекарска екипа. Портаролот за СВР Охрид, Стефан Димовски за Курир изјави дека во моментов се врши увид, а треба да се утврди дали странскиот државјанин имал проблеми со леталото или смртта била предизвикана од здравствени причини. Неговиот идентитет се уште не е утврден. Извор: Нет…

повеќе...