Продолжува изградбата на патеката кај каналот „Студенчишта“

Во моментов на пешачката патека кај канал „Студеништа“ течат интензивни градежни активности за изградба на втората фаза од пешачката патека односно изградба на нејзиниот трет дел кој води до хотелот „Парк“. Изминатиот месец охридските јавни претпријатија комплетно ја поставија целокупната комунална инфрастурктура за овој дел од патеката. Изведувачот веќе трета недела активно работи на поставување на гранитните плочки по целата должина на патеката. Што се однесува до физичките перформанси, должината на втората фаза од патеката е иста како и на првиот дел односно 210 метри. Во оваа втора фаза,патеката е…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески во обиколка на пешачката патека кај каналот Студенчишта

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески попладнево беше на увид на патеката кај каналот Студенчишта каде во тек се подготвителните активности зареконструкција на првиот и третиот дел од патеката. Во моментов теренот се чисти и се обележува трасата по која што ќе се движи патеката по што ќе започната градежните активности.Многу наскоро ќе почне реконструкцијата на третиот дел од патеката каде најпрво ќе се поставува атмосферската канализација, водоводна и електрична инсталација. Третиот дел од патеката ќе ги содржи истите инфраструктурни компоненти кои веќе се изградени во вториот дел. Во овој дел…

повеќе...

Се подготвува теренот за почеток на втората фаза од реконструкцијата на патеката кај Студенчишта

Во тек се подготвителните активности за почеток на втората фаза од изградбата на пешачката патека од каналот Студенчишта до хотел „Парк“. Надлежните служби при општина Охрид веќе го расчистуваат теренот и ја одбележуваат трасата по која ќе се движи патеката. По завршување на овие активности ќе започнат земјените работи, односно ќе се поставува комплетната инфраструктура потребна за овој дел од патеката. Во првата фаза од реконструкцијата на патеката беа опфатени 210 м. Проектот со задоволство и воодушевување беше прифатен од охриѓани и гостите кои се рекреираат на најмодерната, пешачка, велосипедска…

повеќе...

Завршна фаза на изградбата на патеката кон хотелот „Парк“

Делот од рекреативната патека до хотелот „Парк“ во должина од 210 метри е во завршна фаза. Денска , ЈП „ Нискоградба“ завршува со бојадисувањето на делот од асфалтот што е предвиден за велосипедска патека, а ЈП „Проаква“ ги монтира на фонтаните, а ЈП „ Охридски комуналец“ ќе го исчисти целиот простор каде се одвиваа градежни работи. Со веќе поставеното ново осветлување, патеката е во функција и ќе претставува најуреден простор за проешетки крај езерото и за рекреација на граѓаните и туристите.

повеќе...

Интензивно се работи на пешачката патека кај Студенчишта

Во поодмината фаза се градежните работи за најубавата и најатрактивна пешачка, велосипедска и патека за ролери која се гради од каналот Студенчишта кон некогашниот хотел „Парк“. Во моментов надлежните служби на општина Охрид работат на поплочување на велосипедската патека со висококвалитетни гранитни плочки а веќе се поставени и фундаментите за осумте канделабри коишто ќе се наоѓаат на средината од пешачката патека. Исто така на просторот се поставени и фундаментите за осовинско и странично осветлување. На овие активности им претходеше тампонирање на просторот, поставување на ивичници а целосно се реализираа и…

повеќе...

Активности на МЈП – Проаква во рамки на проектот пешачка патека Студенчишта

МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ – Охрид во рамките на проектот пешачка патека Студенчишта финансиран од Општина Охрид, започна со изведба на систем за наводнување на жардињери и зелен појас.

повеќе...

Кај Кардиолошкиот центар се гради пешачка патека

Јавното претпријатие „Нискоградба“, денеска, започна со градежни активности – изградба и санација на пешачката патека. Патеката се протега долж Јавната здравствена установа „Завод за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања“ и целосно ќе биде поплочена со бехатон плочки и оградена со ивичници. Со изградбата на оваа патека значително ќе се подобри безбедноста на пешаците и безбедноста на возилата за Итна медицинска помош кои секојдневно го минуваат тој пат.

повеќе...

Пешачка патека од пристаниште до Канео и марина ќе добие Охрид

Пешачка патека од градското пристаниште до населбата Канео и модерна марина ќе добие Охрид, најави денес премиерот Никола Груевски при работна посета во градов. Премиерот истакна дека станува збор за битни проекти за Охрид кои се дел од програмата на Владата и посочи дека за истите веќе разговарале со градоначалникот на Охрид и министерот за транспорт и врски. „Сега треба да почне реконструкција, односно да почне изработка на проект за што министерот за транспорт и врски ќе започне процедури и некаде за од прилика една година отсега или година и…

повеќе...

Исчистена пешачката патека и просторот околу диското Парк

Во заедничка акција на волонтерите од Клубот на млади на Црвен крст Охрид и нивни врсници – извидници од Париз, Франција, утрово беше чистена пешачката патека и просторот околу диското Парк. Овој дел, кој охриѓани и туристите го користат за пешачење, веќе подолго време наликува на мини депонија. Во акцијата беа собрани преку 20 вреќи со најразличен отпад. Акцијата ја помогна ЈП „Охридски Комуналец“ кој обезбеди вреќи за отпадот и го подигна собраниот смет.

повеќе...

Ќе се гради пешачка патека од градското пристаниште до Канео

Во тек се интензивни разговори меѓу Локалната самоуправа и Министерството за транспорт и врски околу нивната иницијатива за градење пешачка патека од градското пристаниште до Канео. За овој проект обезбедени се средства од буџетот на Република Македонија. Градоначалникот Никола Бакрачески најави дека прво детално ќе се разгледа проектот  на Министерството за транспорт и врски и неговата намена, а потоа ќе се отвори поширока  експертска и јавна дебата, бидејќи по најавата на овој зафат има различни мислења меѓу граѓаните на Охрид. Во тек се подготовки и за изградба на пешачка патека…

повеќе...