Се поставуваат “лежечки полицајци“

Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при Општина Охрид од вчера започна со поставување на успорувачи на сообраќај или попознати како ”лежечки полицајци”. По неодамна распишаниот тендер на Општина Охрид за поставуање на овие успорувачи на сообраќајот,како најповолен понудувач од комисијата при Општина Охрид беше избран економскиот оператор ДООЕЛ Бојка Инг од Скопје. Во прва фаза ќе се поставуваат успорувачи на сообраќајот на ул.”Момчило Јорданоски” , ул.”Питу Гули” пред ОУ “Христо Узунов“ , ул. ”Партизанска” , ул. ”7 – ми Ноември” пред ОУ “Братство – Единство“ и на булевар ”Туристичка”.…

повеќе...

Пуштен во употреба патот од Долно до Горно Лакочереј

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски заедно со градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и со Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, денеска го ставија во употреба реконструираниот локален пат од Горно до Долно Лакочереј. Реконструираниот пат е во должина од околу 3,5 километри и е реализиран со владина инвестиција од околу 18 милиони денари или приближно околу 300.000евра. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески истакна дека ново асфалтираниот пат што ги поврзува селата Долно и Горно Лакочереј е многу битен за мештаните. „Поставени се уште дополнителни банкини на…

повеќе...

Расчистен магистралниот пат во близина на Св.Стефан

Пред празнувањето на верскиот празник „Пренос на моштите на св.архиѓакон Стефан“ во манастирскиот комплекс Св.Стефан, екипите на „Јавна хигиена“ извршија темелно расчистување на магистралниот пат, на потегот од паркинг-просторот кај „Горица 3“ до х.„Гранит“. На овој потег собрани се 30 вреќи комунален отпад (расфрлана хартија, пластика, лименки и др.). Од ЈП „Охридски Комуналец“ напоменуваат дека овој отпад беше расфрлан покрај магистралниот пат, чие одржување не е во надлежност на претпријатието, додека пак во туристичката населба „Свети Стефан“ Комуналец има ангажирано извршител кој секојдневно ја одржува јавната хигиена.

повеќе...

Груевски: Градбата на трите автопатишта силен импулс за македонската економија

Градбата на трите автопатишта во Македонија е силен импулс за економијата. Се наоѓаме во силна инвестициска активност која продуцира вработување, раст на БДП и работа за градежната индустрија, а преку неа и на многу други индустрии кои се поврзани. Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на прашање по доделувањето решенија за легализација на бесправно изградени објекти во општина Кисела Вода. „Покрај трите автопатишта Кичево-Охрид, Демир Капија-Гевгелија и Скопје-Штип истовремено се проширува експресниот пат Велес-Кадрифаково и целосно и темелно се реконстурира автопатот Велес-Скопје што е речиси како градба на…

повеќе...