Од 15ти до 18ти јули 28.Поетска ноќ во Велестово

Дваесет и осмото издание на Поетската ноќ во Велестово, што ќе се одржи на 15,16 и 18 јули, воведува нови содржини како што е претставување на една светска национална поезија. Годинава на 16 јули ќе биде презентирана современата ирска поезија со настап на четворица поети, а ќе биде промовирана и Антологија на ирската поезија во која се претставени 11 поети. Поетската ноќ во Велестово, која е поддржана од Општина Охрид, ќе започне на 15 јули со портрет на поетот Санде Стојчевски. За неговото творештво ќе беседи Зоран Анчевски, стихови ќе…

повеќе...

Почина Ив Бонфоа, еден од најзначајните современи светски поети

Струшките вечери на поезијата со жалење ја примија веста дека вчера, на 1 јули, почина еден од најзначајните француски и современи светски поети, Ив Бонфоа, кој во 1999 година за неговото исклучително поетско творештво беше награден со „Златен венец“. Ив Бонфоа е роден на 24 јуни 1923 година во Typ, Ендр-е-Лоар. Татко му бил железничарски службеник, а мајка му наставничка. Во родниот град ја завршил познатата математичко-филозофска гимназија „Декарт“, а потоа студирал математика и филозофија во Поатје и на Сорбона во Париз. Магистрирал под меиторство на Џин Вал и три…

повеќе...

Никола Маџиров национален уметник за 2016

Македонскиот поет и преведувач Никола Маџиров е избран за национален уметник за 2016 година. Ова денеска го соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. „Согласно законскиот рок, утврден во Законот за национален уметник, до Министерството за култура оваа година пристигнаа три иницијативи. Од Младинскиот културен центар за Никола Маџиров, од Хуманитарното друштво Хендикепирано лице од Скопје за д-р Самуел Садикарио и Друштвото на писатели на Македонија за академик Радован Павловски“, информира Канческа-Милевска. Увид во иницијативите, како што рече, изврши Комисија составена од академиците Митко Маџунков и Вера Битракова Грозданова, проф. м-р…

повеќе...

Поетско читање за старите лица

Во рамки на Програмата на грижа за стари лица која веќе една година ја спроведува Црвен крст Охрид, вчера на сцената на малиот плоштад кај (Мини Маркет) волонтерите на Црвен крст Охрид од различни возрасти и на различни јазици читаа поезија во која уживаа корисниците на оваа програма и бројни наши сограѓани. Преку поетските творби, во најголем број напишани од самите волонтери, беше упатена порака за за вреднување на разновидноста на културите и толеранцијата, взаемната доверба и разбирање, почитта и вниманието кон старите лица. Потребите на старите лица се во…

повеќе...

Објавена хаику книгата „Импулс“ од охридскиот поет Пере Ристески

Во издание на Здружението за наука и култура „Галикул“ од Скопје, излезе од печат најновата книга Импулс, книга со хаику поезија на охриѓанецот Пере Ристески, со финансиска поддршка од Министерството за култура на Р. Македонија. Книгата изобилува со педесетина сјајни хаику фрагменти што ни ги понудува Ристески во својата книга „Импулс“. Во последниве години, во Македонија хаику-формата станува посебно популарна кај помладите генерации. Најверојатно, станува збор за свртување од прагматизмот на западната филозофија, кон контемплативноста, самоцелоноста и мистицизмот на источните филозофии. Зен-будизмот, врз чија основа се базира хаику поезијата, подразбира…

повеќе...

Утревечер 27-мо издание на „Поетска ноќ во Велестово“

Дваесет и седмото издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“, кое е поддржано од општина Охрид, ќе се одржи утре 14-ти август  и 15 август, најави на денешната прес конференција, нејзиниот основач, познатиот поет Славе Ѓорѓо Димоски. Со ова издание, како што рече Димоски, таа се доближува до крајот на третата деценија од постоењето со што ја потврдува оправданоста на ваков вид манифестации: поетскиот збор да се доближи до пределите од кои произлегол,односно до народната поезија која сеуште е жива по селата. „Нејзината специфичност не е само во просторот на…

повеќе...

Хаику поезија од Пере Ристески објавена во Австрија

Хаику поезија на охридскиот поет Пере Ристески се најде во германското електронско списание Chrysanthemum, што излегува два пати годишно, и објавува претходно необјавени Хаику, Сенриу, Танка, Хаибун, есеи и интервјуа на германски и англиски јазик. Во списанието се застапени 120 автори на хаику, сенриу, танка и хаибуни од целиот свет. Одбраните творби се објавени на англиски и германски јазик. Ристески е објавуван во повеќе светски хаику списанија и антологии на повеќе светски јазици.

повеќе...

Прво дело посветено на Чудата на Свети Еразмо

Деновиве излезе од печат книгата Чудата на Свети Еразмо од авторот Стојан Ристески. Таа е прва книга, за првиот масовен посветител на народот од нашиов крај, во Христовата вера, од крајот на III и почетокот на IV век од н.е.Во книгата е претставен животот и делото на Св.Еразмо во Антиохија, Хераклеа (Охрид) и Венеција.Застапени се две житија за светецот, две служби и дваесет и седум записи за чуда на Св.Еразмо. Манастирот Св.Еразмо во Охрид е единствен манастир посветен на Св.Еразмо во цела Р.М.Манастирот Св.Еразмо е претставен и на четиринаесет фотографии…

повеќе...

Наградата „Гравитација 2015“ за поезијата на Пере Ристески

На конкурсот од Здружението за наука и култура НОВА, Битола, за необјавен роман, книга раскази и книга поезија, во категоријата необјавена книга поезија „Еден вечен неделен ден“ од Пере Ристески ја освои наградата „Гравитација 2015“. За стихозбирката рецензентот на книгата д-р Васил Дрвошанов вели: „Поетот Пере Ристески вешто го користи јазикот за изнесување на своите емоции, и тој не е само нем набљудувач на појавите во и околу себе си, туку, како што видовме досега, тој изделува одделни негативности и мајсторски, со неколку потези ги слика човековите војни, падови и искачувања на микроплан, овде и сега.…

повеќе...

Хаику поезијата од Пере Ристески објавена во австралиско списание

Неколку хаику песни од охридскиот поет Пере Ристески се објавени во списанието FreeXpression, што излегува во Сиднеј, Австралија. Ова реномирано списание излегува два пати годишно, во печатена верзија. Основано е во 1993 година, од Синтија Роу, која исто така е и претседател на Хаику Асоцијацијата од Австралија. Ристески е објавуван во повеќе светски хаику списанија, антологии на повеќе светски јазици.

повеќе...