Екстерното излегува од сведителството и ќе почнува од шесто одделение

Резултатите од екстерното тестирање нема да влегуваат во конечниот успех на ученикот, односно нема да влијаат врз просекот на успехот и на оценките во сведителствата, предвидуваат измените на Законот за основно и за средно образование, кои се во собраниска процедура. Ќе се воведе додаток во сведителството во кој ќе се наоѓаат резултатите од екстерното тестирање, а не како што беше досега, резултатите од екстерното тестирање да се во рамките на сведителството. Драган Данев, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека со овие измени се решаваат недоразбирањата што настанаа во јавноста околу оценката…

повеќе...

Соопштение за кандидатите за полагање ловечки испит

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, преку секторот за шумарство и ловство, согласно Законот за ловство – член 58 и 58-з, закажува полагање на ловечки испит на ден 14.03.2016 година во 15.30 часот. Полагањето на испитот ќе се одржи во просториите на испитниот центар „АСЕКО“ ул. ХРИСТО СМИРНЕНСКИ“ бр.30, 1000 Скопје (позади Универзална Сала). Кандидатите задолжително да понесат документ за идентификација (лична карта или пасош). Во додатоците за преземање се списоците на кандидати за полагање, како и испитните прашања. Додаток за преземање: Испитни прашања за полагање ловечки испит.pdf 1 Кандидати…

повеќе...

Груевски: Се залагаме за екстерно тестирање, ќе го усовршуваме и ќе даде резултати

Образованието и вложувањето во подобро орбазование ни е единствениот ресурс за конкурентност со светот и напредок на земјата. Тоа е суровата реалност која мора да ја прифатиме, наспроти лажните митови, нагласи премиерот Никола Груевски во врска со реакциите поврзани со образованието, во своето обраќање на свечената академија по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Спроведуваме амбициозни и промислени реформи во образованието, и како и тогаш се соочуваме со отпор, нагласи Груевски, додавајќи оти, според него, тоа е повеќе отпор кон новото и непознатото, а не е отпор…

повеќе...

МОН: Екстерно денес полагаа 43.613 основци и средношколци

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека согласно објавените распореди на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk, денес во 9:30 часот започна процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на вкупно 43.613 ученици од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование. Според информациите од кол центрите, ангажираните тестатори и надбљудувачи, процесот се реализира непречено и согласно акцискиот план и дефинираната динамика, при што, заклучно со 12:00 часот истиот е целосно заокружен во 103 основни и средни училишта. До овој момент нема пријави за технички…

повеќе...