На вчерашната свеченост во Скопје, Амбасадата на Република Полска во Република Македонија официјално го претстави почесениот конзул во полскиот почесен конзулат со седиште во Охрид Коста Костовски. На церемонијата, на која покрај министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Поповски, амбасадорот на Република Полска во Република Македонија Јацек Мултановски и повеќе претставници на дипломатскиот кор, присуствуваше и делегација на општина Охрид предводена од заменик градоначалникот Ангел Јанев. „Содржината на односите меѓу државите ја даваат луѓето, без разлика дали се од бизнисот, науката, културата или другите општествени сегменти.Со таква верба…
повеќе...Tag: полска
Одбележан денот на полскиот јазик и полската култура
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска, во просториите на ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, присуствуваше и им се обрати на присутните на свечениот настан по повод одбележувањето на педесет и пет години од полонистиката во Македонија. Заменик министерот Ристовски го истакна значењето на повеќе децениската размена на искуства, позитивни пракси и поддршка во областа на образованието меѓу двете земји, која минатата година беше засилена со потпишувањето на Спогодба меѓу Министерството за образование и наука на Република Македонија и Министерот за наука и високо…
повеќе...Можностите за бизнис во Македонија претставени во Полска
Полски компании од различни области покажаа интерес за можностите за инвестирање во Македонија и соработка со македонски компании од повеќе индустрии, на бизнис форумот и економската презентација на Македонија, што се одржува денеска во Варшава. На бизнис форумот, организиран со полската Агенција за информации и инвестиции, се обратија македонскиот вицепремиер за економски прашања Владимир Пешевски и вицепремиерот и министер за економија на Полска Јануш Пехочински. Пред бизнис заедницата во Варшава Пешевски и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Климент Шеќеровски, ги презентираа условите за инвестирање и водење бизнис во…
повеќе...Јолевски-Сиемонијак: Македонија и Полска ќе ja унапредуваат соработката во полето на одбраната
Цврсто сум убеден дека билатералната соработка помеѓу Република Македонија и Република Полска има огромен потенцијал за раст и развој, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, кој престојува во неколкудневна работна посета на Полска. Како што соопшти Министерството за одбрана, по средбата со својот полски колега, Томас Сиемонијак, министерот Јолевски посочи дека Македонија и Полска соработуваат во областа на одбраната од далечната 1996 година кога беше и потпишана меѓусебната спогодба за соработка, која, пак, е трета по ред од осамостојувањето на Република Македонија и основањето на Армијата на…
повеќе...Средба на министерката Канческа-Милевска со полскиот амбасадор Мултановски
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во просториите на Минисњтерството за култура оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Полска во Република Македонија, Јацек Мултановски. На средбата беа потенцирани традиционално добрите културни врски меѓу двете земји кои се одвиваат во рамките на Програмата за соработка во областа на културата меѓу македонското Министерство за култура и Министерството за култура и национално наследство на Република Полска, како и за интензивирање на соработката меѓу институциите од областа на културата. Ова ќе биде потврдено и со потпишувањето на новата програма за соработка меѓу…
повеќе...Либерализација на билатералниот и транзитниот превоз на стока со Република Полска
Од Министерството за транспорт и врски информираат дека врз основа на потпишаниот протокол на македонско-полската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока во патниот сообраќај, потпишан на 30 мај 2012 година во Скопје и врз основа на размена на дипломатските ноти помеѓу министерствата за надворешни работи на Република Македонија и Република Полска, на 23 јуни 2014 година стапуваат на сила измените на Спогодбата за меѓународен патен транспорт помеѓу Владите на Република Македонија и Република Полска. Согласно, Спогодбата со која е договорено од 23 јуни 2014 година да се…
повеќе...