ПОПГМ: „Аргументите ја осветлуваат вистината“ за криминалите на Драги Аргировски, почестен со прием кај претседателот Иванов

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Република Македонија (ПОПГМ) испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, вчера примил делегација на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, предводена од претседателот Драги Аргировски. Иванов им изразил поддршка за активностите на пензионерите додека, пак, претседателот на Сојузот, Драги Аргировски, му доделил Плакета на Иванов, во знак на благодарност за поддршката во активностите и афирмирањето на статусот на пензионерите како и Монографија подготвена по повод 70 години од основањето на Сојузот…

повеќе...

ПОПГМ: Упатуваме јавна благодарност до граѓаните кои останаа мирни и со висока свест и одговорност за иднината на државата

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија, испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), упатува јавна благодарност до граѓаните во земјата, кои, останаа мирни и со висока свест и одговорност за иднината на државата, во моментите кога ситуацијата лесно можеше да кулминира и да излезе од контрола. Само граѓаните, со мудроста, и цврстата определнеост – на насилството да не одговорат со уште поголемо насилство, спречија да дојде и до меѓуетнички судири, после што немаше враќање назад. Сега е веќе јасно…

повеќе...

ПОПГМ го поздравува постигнатиот договор на лидерите на политичките партии

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) го поздравува постигнатиот договор со посредство на нашите пријатели од ЕУ и САД, со кој конечно се создаваат основни претпоставки за започнување на политичката и правна разврска на кризата создадена од автократскиот начин на владеење на власта, од недостаток на нејзино чувство за државните и национални интереси, од неспособноста на партизираните државни институции да се справат со деспотизмот и корупцијата, како и немањето цел да се обезбедат човековите слободи и права и да бидат ефикасен и функционален сервис на граѓаните. ПОПГМ…

повеќе...