Се вршат подготовки за изградба на нов Дом за стари лица во Скопје односно за стари лица чии пензии се толку ниски што не можат да бидат прифатени во приватните домови за стари лица, одговори денеска премиерот Никола Груевски на новинарско прашање дали се планира изградба на нов државен Дом за стари лица. Нашата одлука, појасни Груевски, е во правец да почнеме градба на нов Дом за стари лица прво во Скопје, а потоа и во другите градови во Република Македонија, кои ќе ги згрижуваат лицата кои имаат ниски пензии…
повеќе...Tag: премер
Инвестирани над 50 милиони евра во изградба на нови и реконструкција на постојни училишта
Владата предводена од премиерот Никола Груевски во периодот од неполни девет години има инвестирано над 50 милиони евра за изградба и темелна реконструкција на училишта во целата држава. Како што прецизира премиерот Груевски денеска во одговорот на новинарско прашање по посетата ОУ„Браќа Миладиновци“ и амбулантата во Миладиновци, општина Илинден, во целата држава за изградба на 74 нови училишта се инвестирани над 20 милиони евра, а за извршена темелна реконструкција на 350 постојни училишта инвестирани се околу 30 милиони евра. „Од почетокот на летото минатата година досега целосно е завршена изградбата…
повеќе...Груевски: Владата е во постојана комуникација со граѓаните
Од првиот ден на моето работење сум во постојан контакт со граѓаните. Постојано сум и на терен, нормално и во канцеларија и на состаноци и на патувања, меѓутоа клучното и основното е да го чувствувате теренот, да ги чувствувате потребите на граѓаните, нивните проблеми, да се врши контрола на тоа што е зацртано, да се работи и тоа што е ветено. Ова е одговорот на премиерот Никола Груевски на барање на новинарите за коментар во врска со неговото постојано присуство на терен меѓу граѓаните, што, според некои, е предизборна кампања.…
повеќе...Груевски: Креираната политичка криза влијаеше на економијата
Креираната политичка криза во изминатите месеци имаше свое влијание врз економијата. Ние се трудевме со сите сили тоа влијание да биде колку што е можно помалку, но неизбежно беше да има свое влијание, изјави денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на прашање на пратеникот Влатко Ѓорчев. „Некои од инвеститорите ги одложија своите одлуки па дури откако завршија одредени делови, некаде во јуни – јули, околу разговорите за надминување на кризата дури тогаш почнаа да ме информираат дека донеле одлуки за инвестирање во Македонија. Некои од нив се уште ги немаат донесено…
повеќе...Груевски: Политичката криза решена
Предвремени парламентарни избори во Македонија ќе се одржат на 24 април следната година. Сто дена пред изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе номинира привремен премиер, што ќе биде системско решение и за сите наредни избори. СДСМ се враќа во Парламентот на 1 септември и ќе предложи технички министер за внатрешни работи, а ќе се избере и нов јавен обвинител. Премиерот Никола Груевски презентирајќи го постигнатиот договор на повеќечасовната средба на партиските лидери со посредство на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска изјави дека политичката криза во Македонија е решена, преговорите завршиле успешно со…
повеќе...Проектот за набавка на нови 150 товарни вагони во завршна фаза
Пристигнати се 107 од планираните 150 товарни вагони за возниот парк на Македонски железници, инвестиција во вкупна вредност од 14 милиони евра, информира премиерот Никола Груевски. „Проектот за набавка на нови 150 товарни вагони е во длабока фаза на реализација. Веќе 107 вагони пристигнаа во Македонија, 43 треба да пристигнат во наредните неколку месеци со што ќе се заокружи проектот во којшто инвестираме 14 милиони евра“, изјави Груевски. Обновата на возниот парк на Македонски железници со нови вагони, потенцира премиерот, ќе значи многу за државата и за приватниот сектор. Планираните…
повеќе...