Апсолутна доминација на јуниорките од СК „Охрид“ на Државното првенство

Јуниорката од Стрелачкиот клуб „Охрид“ Мартина Петровска е нов Државен првак на Македонија во гаѓање со воздушна пушка. Таа со резултат од 402,5 круга ја зацврсти својата прва позиција во категорија на јуниорки, како и на Куповите, така и на ова Државно првенство, а со тоа си обезбеди сигурно место во ререзентацијата. Второпласирана во истата категорија со резултат од 397,3 кругови е младата јуниорка Анастасија Мојсовска од СК „Охрид“, која во досегашните Купови се наоѓа на третата позиција, но со овој успех секако се искачи на едно скалило погоре и…

повеќе...

Уште еден месец за замена на дозволите за поседување и носење на оружје

Преостанува уште еден месец за замена на дозволите за поседување и носење на оружје. Рокот истекува на 12 април, a дотогаш граѓаните и правните лица кои поседуваат оружје со стари дозволи се должни да поднесат барање за нивна замена. Барањето треба да биде поднесено во Министерството за внатрешни работи, Оддел за граѓански работи, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи, агенции за обезбедување и детективска дејност, Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи според место на живеење на физичкото лице, односно седиште на правното лице. WebOhrid

повеќе...

Вработен во ловно друштво го повредил колегата додека ја проверувал пушката

Вчера околу 19:00 часот во с.Врбјани – Охрид, К.Б. вработен во ловно друштво „Славеј“ проверувајќи ја ловната пушка во дворот на сопствената куќа, испукал према Д.Р. (1963) од с.Врбјани – Охрид, вработен како ловочувар во ловно друштво, при што го повредил во пределот на двете подколеници. Д.Р. е префрлен во МЦ-Охрид за укажување на лекарска помош, каде што му се констатирани телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од СВР Охрид.

повеќе...

Одземени 389 парчиња муниција при претрес во дом на лице од Корошишта

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.У. (26) од струшкото село Корошишта. На 18-ти јули оваа година, при претрес во неговиот дом, полициските инспектори пронајдоа 389 парчиња муниција калибар 7,62 мм долго зрно наменети за огнено оружје автоматска пушка. Муницијата била сокриена во најлон кеси на дното на саксиите со цвеќе поставени во дворот пред влезната врата од семејниот дом. Во црвена најлонска кеса имало 188 парчиња а…

повеќе...