Промовиран шестиот том од „Толковниот речник на македонскиот јазик“

Јазикот е значаен сегмент од целокупното културно наследство на еден народ. Тој е компонента која го детерминира потеклото на народот, неговото минато и без него идентификацијата во светски контекст е невозможна. Токму затоа јазичното богатство вметнато меѓу кориците на Македонскиот толковен речник е непроценливо богатство за нашиот народ. Ова го истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во обраќањето на денешната промоцијата на шестиот том од „Толковниот речник на македонскиот јазик“, кој содржи зборови од буквата „т“ до „ш“. Таа подвлече дека оваа публикација е од највисок национален интерес и претставува…

повеќе...

Промовиран првиот Словачко-македонски речник

Над 20.000 изрази и нивни преводи содржи првиот Словачко-македонски речник на авторите Гоце Цветановски, Љупчо Митревски и Звонко Таневски, објавен со финансиска поддршка на Министерството за култура. На промоцијата денеска министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и словачкиот амбасадор во Македонија Мартин Безак посочија дека лексикографскиот труд ќе ги продлабочи културните врски на двата народа, ќе поттикне и инспирира соработка и комуникација. Канческа-Милевска истакна дека изданието го потврдува континуитетот на македонско-словачките културни врски, нивното историско траење повеќе од 11 века и нивната длабока поврзаност со мисијата на браќата Кирил и Методиј.…

повеќе...