Романците најзаинтересирани за зимски туризам

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија ја претставува туристичката понуда на земјава на есенското издание на саемот за туризам во Букурешт, Романија (Romexpo, 17-20 Ноември, 2016). На саемот во Романија кој е специјализиран за промоција на дестинациите и директна продажба на туристички пакети има 223 излагачи кои својата понуда ја презентираат по 36-ти пат на овој саем. Посетителите и тур операторите од Романија покажуваат голем интерес за Македонија како туристичка дестинација поради фактот близината на двете земји, а преференцата на романските туристи е во насока…

повеќе...

Охридски ракотворби презентирани во Романија

Во организација на Културниот центар “Кармен Силва“ од Синаја, Република Романија, од 11-17-ти септември се одржа меѓународната уметничка работилница – „Културна разновидност без граници во Синаја“. Одличните односи меѓу Охрид и Синаја, резултираа со покана со учество на нашите сограѓанки, Сања Фармакоска и Данче Наумоска, кои се претставија со своите креации во длабока резба и бакрорез. „На работилницата покрај нас учествуваа и уметници со свои рачни изработки од Велика Британија, Турција и домаќините од Синаја. Целата манифестација беше поддржана финансиски од европските фондови, а домаќините се потрудија нашиот престој и…

повеќе...

Делегација од Решица – Романија во посета на Охрид

Делегација од романскиот град Решица, денес беше во официјална посета на Општина Охрид. Гостите од Решица, предводени од градоначалникот Михај Степанеску во име на градоначалникот Бакрачески ги прими заменик градоначалникот Ангел Јанев. Станува збор за прва официјална средба која за двата града македонскиот- Охрид и романскиот Рашица значи почеток на пријателски односи и можност за воспоставување на идна соработка во делот на образованието, спортот, културата и економијата . Двете страни ги разгледаа и можноста што ги нудат Европските фондови околу реализација на заедничките проекти за период 2014- 2020 година. Инаку…

повеќе...

Известување за појава на спонгиоформна енцефалопатија кај говедата (Сег) во Романија

Агенцијата за храна и ветеринарство ја разбира загриженоста на јавноста која доаѓа од информацијата за појава на болеста Спонгиоформна енцефалопатија кај говедата (СЕГ) во Романија, или популарно наречена Болест на луди крави. Од официјалните податоци на Светската организација за здравствена заштита на животните (OIE), појавата на болеста е потврдена на 20.06.2014 година. Болеста е утврдена при редовна контрола во кланица, што само по себе укажува дека системот за контрола на оваа болест воспоставен во Република Романија е ефикасен и дава резултати. Позитивното животно е издвоено од синџирот на исхрана и…

повеќе...