Со добивањето на сертификатот за акредитација се потврдува компетентноста на експертите и стандардизацијата на методите за анализа и вештачење на доказниот материјал. Воедно се зголемува и довербата во лабораториските резултати кои стануваат меѓународно признаени, истакна министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков на церемониијата на доделување сертификат за акредитација на Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења од страна на Институтот за акредитација на Република Македонија, што се одржа денеска во Министерството за внатрешни работи. Според министерот Чавков акредитацијата ќе овозможи континуитет во членството на Форензичките лаборатории во најреномираната европска…
повеќе...Tag: сертификат
Три здравствени установи добија сертификати од Агенцијата за квалитет и акредитации
Универзитетската клиника за кардиологија, Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле и Универзитетската клиника за детски болести се првите три здравствени установи кои денеска добија едногодишни сертификати од Агенцијата за квалитет и акредитации на здравствени установи во Македонија. Премиерот Емил Димитриев честитајќи им на првите три акредитирани здравствени установи упати порака дека здравјето на граѓаните и нивната здравствена заштита се врвен приоритет во сите владини програми и стратегии. „Болниците и здравствените служби се витални компоненти на секое добро организирано и хумано општество и затоа здравствениот сектор е тој кој…
повеќе...Доделени сертификати за Проектот „Достапна администрација за лица со инвалидност“
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, присуствуваа на доделувањето на сертификатите на обучени лица во рамки на Проектот „Достапна администрација за лица со инвалидност“. „Во периодот од октомври до декември беа спроведувани низа на обуки односно беа обучени 776 вработени во државната и јавната администрација и во институциите на системот од вкупно 269 институции во насока на надминување на бариерите со кои што се соочуваат лицата со инвалидност, олеснување на нивната комуникација со државните служби за олеснување на постапките…
повеќе...Доделен Сертификатот за функционалност на информациски системи на Катастарот
На Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија денеска и беше врачен Сертификатот за функционалност на информациските системи, со што стана петтата институција во земјата која се здоби со ваков сертификат. Тоа претставува чекор напред во модернизацијата и надградбата на целокупниот систем на оваа агенција, која секојдневно нуди услуги во интерес на граѓаните. Министерот Ивановски сертификатот му го врачи на директорот на катастарот, Славче Трпески, притоа истакнувајќи дека сертификацијата се состои од голем број контроли, кои произлегуваат од светските стандарди, како што е серијата ISO 27000. „Условите за добивање…
повеќе...Доделени сертификати на учесниците на работилницата посветена на Меѓународното хуманитарно право
Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска им додели сертификати на учесниците на работилницата посветена на Меѓународното хуманитарно право, која се одржуваше од 17 ноември, во Домот на АРМ. „Работилницата е одлична можност за подготовка на нашите мировници, бидејќи Меѓународното хуманитарно право е една од основните алатки, што секој војник и офицер, кој оди во мировни мисии треба добро да го познава“, рече Јолевски на затворањето на работилницата. Соработката со Меѓународниот институт за хуманитарно право во Сан Ремо, според него, е од голема важност со оглед на активното и континуирано учество…
повеќе...Министерот Ивановски го врачи Сертификатот за информациски системи на ФЗОМ
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска на директорката на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, Маја Парнарџиева Змејкова, и го врачи Сертификатот за функционалност на информацискиот систем, што претставува чекор напред во модернизацијата и надградбата на целокупниот систем на институцијата. „Фондот за здравствено осигурување е четвртата институција која се здобива со сертификатот, после Царинската Управа, Народната Банка на Република Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.“- рече министерот Ивановски. Тој напомена дека Сертификатот го користат органите на државната управа при комуникација и…
повеќе...Доделени сертификати за стручно усовршување
Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ свечено беа доделени сертификатите за стручно оспособување за лицата кои беа вклучени во обуките за подготовка за вработување. Обуките се реализираа во рамките на Оперативниот план на Владата на РМ за активни мерки и програми за вработување за 2014 година, а врз база на анализите на побарувани занимања на пазарот на трудот, за три образовни профили: сервисер на мехатронични системи, аргон заварувач и помошник козметичар. Дваесет и шест лица кои беа вклучени во обуките, посетуваа обука во периодот од април до јули, а во август се…
повеќе...