Спасов: Продолжува грижата за пензионерите

Во Радовиш денеска се одржуваат 21. Републички пензионерски спортски натпревари на кои учествуваат околу 500 пензионери кои се натпреваруваат во 11 дисциплини. Игрите ги отвори заменик-министер за труд и социјална политика Диме Спасов, кој најави дека и во иднина ќе продолжи грижата за пензионерите и ќе се реализираат проектите кои овозможуваат подобар живот за оваа категорија граѓани. „Грижата за пензионерите мора да продолжи, а проектите што ги реализиравме во минатото, ќе продолжат и во иднина бидејќи овие луѓе учествуваа во изградбата на државата, се бореа за независна Македонија и ние мораме…

повеќе...

Распишан повик за финансиска поддршка на средношколци од социјален ризик

Учениците средношколци од семејства од социјален ризик ќе може да аплицираат за добивање условен паричен надоместок во висина од 12 илјади денари. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов на прес-конференција информираше дека јавниот повик веќе е распишан и дека може да конкурираат учениците средношколци кои редовно посетуваат настава и потекнуваат од семејства приматели на социјална помош. „Сите заинтересирани потребно е да аплицираат во центрите за социјални работи до 30 септември. Се предвидува ова парично право да се реализира квартално со исплата на финансиската поддршка на мајките на овие…

повеќе...

5 јули – Рамазан Бајрам е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија 5 јули (вторник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.

повеќе...

Петок е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопштува, дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 17 јуни 2016 година (петок), Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

повеќе...

Околу 1.200 млади лица вработени преку проектот „Мрежа Јес“

Олеснување на развојот на работната сила, воспоставување врски меѓу јавниот и приватниот сектор, меѓу пазарот на труд и неговите потреби и вештините што се создаваат преку образовниот систем, меѓу средните училишта, деловната заедница и Агенцијата за вработување имаше за цел проектот на УСАИД „Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување (Мрежа Јес). Обуките во рамки на проектот ги посетиле над 4.400 млади лица, од кои 1.200 веќе се вработени. „Проектот ја опфати АВРМ која како институција е клучна во спроведување на владините политики за вработување, односно приближување на мерките и…

повеќе...

Договор меѓу Македонија и Албанија за социјално осигурување

Од 1 јуни 2016 година стапува на сила Договорот за социјално осигурување меѓу Република Македонија и Република Албанија за социјално осигурување. Со примената на Договорот се регулира остварувањето на правата од осигурување за граѓаните на овие две држави и членовите на нивните семејства. Ова е современ европски договори со оглед на тоа што истиот се однесува на лица, а не на државјани на двете договорни страни и спаѓа во редот на таканаречените “отворени договори”. Договорот содржи одредби за права од пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување и здравствена заштита и…

повеќе...

Спасов: Ќе се отворат три приватни старски домови

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов денеска на тројца инвеститори, кои веќе имаат започнато инвестициски активности за отворање три приватни домови за стари лица, им ги додели одлуките од Владата на РМ за давање одобрување за основање вакви домови. „Овие постапки беа закочени во МТСП повеќе од 3,5 месеци. Веднаш по назначувањето интервенирав и ги лоциравме предметите, потоа ги доставивме до Влада и експресно на првата наредна седница таа ги усвои информациите и ги донесе одлуките за давање на одобрувањето“, рече Спасов. Појасни дека станува збор за тројца…

повеќе...

Министерката Ташевска-Ременски ја посети градинката „Гонџа“ во состав на „Јахја Кемал“

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски ја посети приватната детска градинка „Гонџа“, организирана како организациона единица во состав на ПСУ „Јахја Кемал“-Македонија, а која започна со работа во ноември 2015 година. На средбата со генералниот директор на ПСУ “Јахја Кемал”- Македонија, Мухамед Бахче, министерката беше запознаена со работењето на оваа образовна установа, посебно со начинот на функциорањето на градинката и процесот на воспитание и образование кој се спроведува во истата. Воедно, таа направи и обиколка на приватната детска градинка „Гонџа“, која што располага со три простории наменети…

повеќе...

Средба на Ташевска-Ременски со мониторинг комисијата на Совет на Европа

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари средба со известителите на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки на Советот на Европа (мониторинг комисија). Во состав на делегацијата беа  Лиза Кристоферсен (Lise Christoferssen), Норвешка, Група на Социјалисти, известител на пост-мониторинг дијалог со Република Македонија; Валериј Гилечи (Valeriu Ghiletchi), Република Молдавија, Група на Европски народни партии, известител на пост-мониторинг дијалог со Република Македонија и Силви Афхолдер (Sylvie Affholder), секретар на Мониторинг Комисијата на ПССЕ. Главни теми на дискусија беа имплементација на Спогодбата од јуни 2015…

повеќе...

Ременски: Решени повеќе проблеми во интерес на граѓаните со инвалидност и попреченост

Потпретседателка на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, денес во изјава за медиумите истакна: Денеска сме во посета на општина Струмица, на повеќе населени места, на средби со граѓаните. Штотуку остваривме и средбата со невладини организации коишто ги претставуваат интересите и правата на лицата со инвалидност и попреченост на територија на општина Струмица. Разговаравме за повеќе прашања. На средбата беа изнесени повеќе барања до Министерството за труд и социјална политика како приоритетни прашања кон коишто треба да пристапиме да ги решаваме. За дел од нив ги запознав…

повеќе...