Во Охрид, на 87 годишна возраст, синоќа почина познатиот професор и тренер, пливачката легенда и доајен на маратонското пливање во Македонија, Александар Леко Радиќ. Погребот ќе се изврши утре 18-ти јуни, на градските гробишта во Охрид. Александар Леко Радиќ беше вистинска спортска легенда на Охрид. Тој се смета за зачетник, татко на маратонското пливање и творецот на плејада врвни пливачи и спортисти, кои Охрид и Македонија ги прославија на сите светски меридијани. Радиќ е човекот низ чии раце поминале сите наши пливачки шампиони како што се братот и сестрата Дики…
повеќе...Tag: спорт
Ракометарите ја совладаа Чешка и се пласираа на СП 2017
Сениорската машка репрезентација на Македонија го обезбеди своето петто учество на Светските Првенства, откако синоќа во фантастичен натпревар во Скопје ја совлада Чешка со 34-27. Пред преполните трибини на ВИП Арената „Борис Трајковски“, нашите репрезентативци одиграа одличен меч кој го контролираа од самиот почеток и успеаја да ја анулираат негативата од шест гола од првиот натпревар од баражот што се одигра во Злин. Натпреварот кој поради важноста, но и поради тоа што беше означен како последен на долгогодишните предводници на репрезентацијата – Наумче Мојсовски и Филип Миркуловски, изобилуваше со емоции,…
повеќе...Завршна фаза од изградбата на спортските терени
Почна завршната фаза на изградбата на спортските терени на СРЦ.Билјанини Извори – Охрид. Се асфалтира просторот предвиден за едно мултифункционално игралиште кое ќе биде опремено со реквизити за соодветните спортови: кошарка, ракомет, фудбал и два тениски терени од кои едниот е двоен. Терените треба да бидат комплетно завршени до четврток и на нив да биде поставен двоен асфалт. Тениските игралишта кои се дел од проектот на Владата на Република Македонија за изградба на 100 тениски игралишта се со сертификат од Интернационалната тениска федерација, со инфраструктурни приклучоци и рефлектори за одигрување…
повеќе...Прием за најдобрите таеквандо борачи во АМС по успешниот настап на Солун Опен
Директорот на Агенцијата за млади спорт Марјан Спасески организираше прием за македонските таеквандо натпреварувачи, освојувачи на медали на турнирот од Г-1 категорија одржан во Солун. Имено ова е прв настап на Македонска репрезентација на турнир од ваков ранг, каде учесниците имаат можност да се запознаат со мега звезди, олимписки и светски прваци во таеквандо спортот. Висината на квалитетот на борачите ја обезбедува причината што на вакви турнири се собираат бодови за настап на олимписки игри. Македонските претставници го завршија настапот со четири медали што е одличен успех особено ако се…
повеќе...Македонија поразена од Чешка 28-22
Сениорската машка репрезентација на Македонија, со шест гола негатива ќе го дочека реваншот во Скопје за пласман на СП 2017 што ќе се игра во Франција. На дебито на Лино Червар на селекторската позиција, Македонија загуби од Чешка во Злин со 28-22. И покрај тоа што нашите репрезентативци добро го почнаа натпреварот и одржуваа водство во поголемиот дел од првото полувреме, Чешка знаеше да го искористи периодот на деконцентрација во играта пред крајот на полувремето и до паузата стигна до предност од 14-10. Чесите ја одржуваа позитивата и во текот…
повеќе...Одредени 17-те ракометари кои ќе патуваат за Чешка
Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Лино Червар, ги соопшти имињата на 17-те ракометари што во петок ќе патуваат за Злин, за првиот натпревар од двомечот против Чешка за пласман на СП 2017 година. Од листата од 20 ракометари со кои Червар ги работеше последните тренинзи во СРЦ „Кале“, последни отпаднаа Златко Даскаловски, Никола Костески и Милорад Кукоски. По завршувањето на средбата во Злин, односно со продолжувањето на тренинзите за реванш-натпреварот во Скопје, овие тројца ракометари ќе продолжат со тренинзите и рамноправно со сите останати играчи ќе конкурираат за…
повеќе...Ставена во употреба спортската сала во Косел
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и заменик министерот за образование и наука во Владата на Р. Македонија, Спиро Ристоски денеска ја ставија во употреба комплетно реконструираната спортска сала во рамки на подрачното Основно училиште „Ванчо Николески“ во охридското село Косел. Станува збор за проект тежок околу 50 илјади евра финансиран од Владата на Р. Македонија, којшто е особено битен за правилното градење и насочување на младите кон здравите животни навики. „Претходно салата во подрачното училиште„ Ванчо Николески“ во с. Косел беше вон функција, затворена од санитарна инспекција и во неа…
повеќе...Ракометарките поразени од Хрватска за крај на Квалификациите за ЕП
Сениорската женска ракометна репрезентација на Македонија со пораз од 35-19 против Хрватска ги заврши Квалификациите за ЕП 2016 што ќе се игра во Шведска. Избраничките на Симе Симовски, на последното гостување во Риека, немаа сили да се спротивстават на фаворизираниот противник, кој водеше во текот на целата средба и заслужено славеше на крајот. Македонија на натпреварот настапи без капитенот Елена Ѓорѓиевска која се повреди на последната средба во Скопје во четвртокот, а Хрватска тоа знаеше на најдобар начин да го искористи и рано во натпреварот поведе со 8-1. Нашите ракометарки…
повеќе...Втор Куп во гаѓање со воздушно оружје – национална програма
На крајот на натпреварувачката сезона во гаѓање со воздушно оружје-национална програма, повторно доминација на стрелците од Охрид! Викендов во Скопје се одржа Државното првенство во гаѓање со воздушно оружје национална програма, на кое учествуваа околу 50-тина стрелци во сите категории. Најголемата радост ја донесоа пионерките од СК „Охрид“ во состав: Анастасија Мојсоска, Ивона Тодороска и Јована Каланоска кои во екипна конкуренција го зазедоа првото место со резултат од 473 кругови. Во поединечна конкуренција, вицешампионска титула за младата Анастасија Мојсоска, која со резултат од 171 кругови, за три помалку, заостана од…
повеќе...Ракометарките поразени од Црна Гора
Сениорската женска репрезентација на Македонија доживеа пораз од Црна Гора во Скопје од 27-21, во Квалификациите за ЕП 2016 година, но прикажаа добра игра во која имаа и водство против фаворизираниот противник до 45-та минута. Почетокот во „Кале“ донесе изедначен ракомет, а иако Црна Гора успеа да го преземе водството во првото полувреме, Македонија се одржуваше на достижна негатива и на пауза се замина со 13-12 за гостинот. Второто полувреме почна со одлична игра на избраничките на Симе Симовски и со серија од 4-0 за нашата репрезентација дојде до предност…
повеќе...