Македонија 0:2 Бугарија

Македонската А репрезентација загуби со 0:2 против Бугарија на контролниот натпревар на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Нашиот најдобар национален состав беше подобар противник во првото полувреме. Македонија имаше контрола во поседот на топка, а неколку опасно се заканивме кон голот на противникот. Во првите 20-на минути Агим Ибраими и Ванче Шиков ги имаа најдобрите прилики за отворање на резултатот. Ударот на Ибраими малку недостасуваше да го изненади Митрев, а голманот на Бугарија интервенираше по обидот со глава на Шиков. Во 24. минута одлична прилика за гол имаше Шиков,…

повеќе...

Репрезентацијата на Македонија до 21 година одигра 1:1 против Франција

Репрезентацијата на Македонија до 21 година одигра блескава партија против Франција во Ле Ман за 1:1 во натпревар од шестиот круг од квалификациите за Европското првенство. Храброста, борбеноста, мотивираноста за победа го красеше тимот на Благоја Милевски и на овој натпревар. Нашиот селектор вели дека играчите потврдија дека можат да се носат со притисокот кој сам по себе се наметнува на ваков натпревар. „Момците одиграа херојски натпревар, силно се бореа, веруваа во себе и на крајот успеавме да одиграме за честа на Македонија. Рековме дека доаѓаме во Ле Ман да…

повеќе...

Конкурс за УЕФА Б Тренерска Диплома

Центарот за едукација на тренери при ФФМ објави упис на тренери кандидати за курсот за добивање на УЕФА Б Тренерска Диплома. Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови: – Најмалку 22 години старост, копија од пасош или лична карта – Најмалку средно образование, копија од диплома – Најмалку 4 години активно играње во било кој ранг, се докажува со потврда од фудбалски клуб во оригинал – Важечко лекарско уверение во оригинал – Македонско државјанство – Уплата на прва рата од 100 евра во денарска противвредност на сметка на ФФМ…

повеќе...

Формирана новата Асоцијација „Спорт за сите – сите за спорт“

Денес во Охрид беше промовирана Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите – сите за спорт“ чии основачи се петте спортски здруженија Сојуз на училишен спорт Охрид, Кошаркарски клуб Ѕвезди, Едриличарски клуб Акватика, Велосипедски клуб Екодром и Алпинистички клуб Патагонија. „За сите нас, ова е еден посебен ден, ден кој со задоволство сите ние го чекавме се со цел да промовираме субјект, тим и визија која ние сме убедени ќе ја збогати и унапреди спортската понуда на Охрид со што ќе бидеме чекор поблиску, верувам до желбата на сите, а тоа е Охрид да…

повеќе...

Словенија 1:0 Македонија

Македонската А репрезентација загуби со 1:0 од Словенија во пријателскиот натпревар одигран на стадионот Бонифика, во Копер. Македонија прва се закани посериозно по голот на словенците преку нашиот најдобар фудбалер Пандев во 8. минута, по одличната акција помеѓу него и Трајковски. Репрезентацијата на Словенија во 18. минута пропушти одлична прилика за постигнување гол, Безјак не се снајде најдобро во завршницата. На полувреме се замина без голови, но со доста отворена игра и на двете репрезентации и неколку можности за постигнување погодок. Во продолжението, првиот обид го имаше нашата репрезентација преку…

повеќе...

Врвни спортски имиња ќе ги тренираат учениците од Спортската академија

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денеска ја посети Спортската академија каде започна проектот “Гости тренери“, односно процесот за одржување тренинзи на еминентни имиња од областа на фудбалот, ракометот, кошарката и тенисот со учениците од академијата во која настава следат 779 ученици, вклучително и дисперзираните паралелки во девет градови. Ристовски присуствуваше на тренинг на учениците од ракометната паралелка, предводен од ракометниот тренер и стратег Лино Червар. „Почнавме со господинот Лино Червар за што сум му и лично благодарен, бидејќи станува збор за една од најмаркантните личности не само…

повеќе...

Во среда во Велгошти ќе се одржи Општински натпревар во ракомет

Во спортската сала „Тодор Александров“ при ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти, оваа среда (23март) ќе се одржи Општински натпревар во ракомет помеѓу охридските средни училишта. Натпреварите ќе се играат со почеток во 10:00 часот. Покрај натпреварувачкиот карактер, целта на натпреварот е и дружење меѓу учениците, промовирање здрав живот и негување на спортскиот дух.  Инаку, натпреварот се одржува веќе трета година по ред, во организација на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. WebOhrid

повеќе...

Пандев: Среќен сум што повторно се ставам во функција на репрезентацијата

Македонската А репрезентација денеска во словенечки Порторож го имаше првиот собир спроти пријателскиот натпревар против Словенија на 23 март во Копер. Сите повикани фудбалери од списокот на селекторот Игор Ангеловски се ставија во функција на тимот. По две и пол годишна пауза во најдобрата репрезентација се врати Горан Пандев, најдобриот стрелец во историјата на националниот тим. Фудбалерот на Џенова вели дека најголем мотив за постигнување позитивни резултати е враќањето на позитивниот дух во репрезентацијата. „Чувствувам еден вид позитивна трема, а тоа значи дека овој репрезнтативен дух ми недостасувал. Среќен сум…

повеќе...

Комплетирано 23 коло од Првата МФЛ

Денес се одиграа натпреварите од 23 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Ренова  3:0  Брегалница Шкендија  3:1  Шкупи Силекс  0:0  Работнички Турново 3:1  Младост Царев Двор Вардар  2:1  Металург По денешната победа Вардар останува на првото место со 58 бодови пред Шкендија на второто место со 53 бодови. WebOhrid

повеќе...

Одредени термините на ракометната репрезентација во квалификациите за Олимписките игри

Сениорската машка репрезентација на Македонија во периодот од 8 до 10 април 2016 ќе настапи на Квалификацискиот турнир за Олимписките игри. ИХФ денеска ги објави точните термини за почеток на натпреварите што ќе се играат во ЕРГО Арената во Гдањск, Полска. РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ: 08.04.2016 (20:30) Полска – Македонија 09.04.2016 (18:00) Македонија – Тунис 10.04.2016 (18:00) Македонија – Чиле

повеќе...