Антички во интензивна подготовка за спектаклот „Кармина Бурана“

Антички интензивно се подготвува за свеченото отворање во недела вечер, спектаклот „Кармина бурана“ од германскиот композитор Карл Орф во реализација на продукциската куќа „Ла Фура Делс Баус“ од Шпанија заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и оркестарот и балетот и хорот на Македонската опера и балет. На новата сцена која благодарение на помошта на Општината годинава доби нов лик, идеално рамна површина, се поставува скапата опрема која треба да го долови впечатокот на невидено шоу во кое ќе има сценско визуелни ефекти, ќе има огромен сад со вода, ќе има…

повеќе...

Санација на бедемот на летната сцена Долни сарај во Охрид

Со средства од Министерството за култура, во Охрид е во тек завршната, втора фаза од реализацијата на проектот за конзервација и санација на оштетениот јужен бедем на летната сцена Долни сарај. Поради староста на малтерот на ѕидовите кои се надвиснати над Охридското Езеро, во изминатиот период честопати доаѓаше до одрони, што претставуваше голема опасност за минувачите што се движат по фреквентната патека која го спојува градот со населбата Канео. Заради заштита на овој простор од натамошно пропаѓање, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од…

повеќе...

Се уредува сцената на Долни Сарај

Одделението Јавна Хигиена при ЈП „Охридски Комуналец“, покрај тековните обврски метење и миење го уреди и делот на летната сцена Долни Сарај со метење и косење која сцена во еден дел преставува паркинг од отворен тип. Се изврши и темелно уредување на улицата Јане Сандански со чистење на тротоарите од трева и нанос на песок и земја, информираат од претпријатието.

повеќе...

Гостувања на националните установи од областа на музичко-сценската дејност на престижните светски сцени

Министерството за култура и оваа година дава значајна поддршка за претставување на нашите институции и поединци на фестивали, манифестации, гостувања и натпревари во странство со цел унапредување на македонското музичко творештво, како и промоција на македонската музичка уметност и македонските уметници низ светот … Со поддршка од Министерството за култура, на 13, 15 и 16 септември 2014 година Македонската опера и балет со оперската претстава „Дон Џовани“ ќе учествува на 16. издание на „Меѓународниот фестивал на музика и игра“ кој ќе се одржи во културниот центар во Банкок, Тајланд. Исто…

повеќе...

Дездемона, Јаго и Отело низ блиц сцени на „Охридско лето“

Театарската претстава „Отело“ на текст од Вилијам Шекспир, а во режија на Диего де Бреа, синоќа предизвика бура од емоции кај публиката на „Охридско лето“. Преку совршената игра, помладата генерација актери од Битолскиот народен театар потсетија на вечното постоење на злото кое е длабоко притаено во секој човек. Младите и талентирани актери не ја криеја возбудата што се дел од една ваква претстава режирана од,  како што велат, прекрасен режисер со кого е задоволство да се соработува и од кого можат да се црпат искуства на повеќе нивоа. Иако сите…

повеќе...

Континуирано одржување на летните сцени

Одржувањето на јавната хигиена на сцените и јавните простори каде што се одржуваат бројните културни манифестации се е дел од летната оперативна програма на ЈП „Охридски комуналец“. Редовно се одржува хигиената на летните сцена „Долни сарај“ , Античкиот театар, предворјето на црквата „Св. Софија“, малиот и плоштадите „Св. Климент Охридски“  и „Крушевска  Република“, како и другите локации каде се одржуваат културни и други јавни и забавни манифестации. Екипите на ЈП „Охридски комуналец“  чистат  пред одржувањето на манифестацијата, се опфаќа и околниот простор, а потоа се расчистува локацијата по одржувањето на настанот.

повеќе...

Привлечен лик и уреден паркинг простор доби „Долни Сарај“

Еден од најрепрезентативните белези на Охрид месноста Долни Сара го враќа дамнешниот свој сјај. Уредувањето на  локалитетот  е  при крај и е  по налог на општина Охрид а согласно програмата на градоначалникот Никола Бакрачески за санација на репрезентативните делови од градот.  Деновиве  завршија градежните активности  и нов  убаво обележан паркинг простор кај “Долни Сарај“ доби Охрид.  На него е предвидено бесплатно  да се   паркираат околу дваесеттина автомобили. Просторот  е целосно исчистен.   Изградена  е патека за минувачи поплочена со бехатон плочки а на страната кон катедралната црква“ Св. Софија“…

повеќе...