Охрид мајски исполнет

Продолжениот празничен викенд и убавото време одново го исполнија Охрид и веќе се чувствува мирисот на бројните туристи. Охридските хотели и приватното сместување се речиси целосно исполнети. Најбројни, како и обично, покрај нашите викендаши , секако се гостите од нашето соседство: Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Босна и Бугарија. Покрај убавото време и охридската пролетна клима, туристите имаат можност да уживаат во убавините на градот, по охридските кафетерии, ресторани и хотели, во стариот град и долж крајбрежието, во познатите излетнички места, како и на плажите и секако во топлото и познато…

повеќе...

Зголемен бројот на туристи во февруари

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2015 година изнесува 29 743, а бројот на ноќевањата изнесува 62 297. Бројот на туристите во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, е зголемен за 9.0%, а бројот наноќевањата е зголемен за 2.8%. Бројот на домашните туристи во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014 година, е намален за 11.6%, а бројот на странските туристи е зголемен за 23.5%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2015 година, во однос на февруари 2014…

повеќе...

Заврши промотивната тура „Охрид 2015“

Во рамките на активностите предвидени со годишната програма на Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид, во соработка со туристичко-угостителските субјекти, деновиве успешно беше реализирана „Промотивната тура Охрид 2015“ . На промотивната туристичка тура, што се одржа од 02 до 05 април, учествуваа претставници од туроператори, туристички агенции, медиуми и туристички списанија од Турција, Србија, Израел, Русија, Бугарија, Словенија, Украина, Унгарија и Австрија. Гостите имаа можност да се уверат во убаните на Охрид преку обиколка на стариот дел на градот, културно историските споменици и обележја, природните убавини…

повеќе...

Македонија атрактивна за туристи од Јапонија, Јужна Кореја, Канада, Австралија, Израел…

Балканот, вклучувајќи ја и Македонија, во наредните шест години ќе биде туристичка дестинација број еден за Јапонија и Јужна Кореја. Земјава е веќе и на туристичката мапа во Австралија, Канада, Израел, Германија, Холандија и други земји, беше речено денеска пред годишното собрание на Асоцијацијата на туристички агенции за дојдовен туризам (АТА ДМ) која одбележува една година постоење, пренесува МИА. „Сега е шанса за Балканот, во наредните шест до 10 години. Многу туристи сакаат да го посетат, го доживуваат како посебно интересна дестинација“, рече директорот на Агенцијата Александар Коневски. Презентирајќи ги…

повеќе...

Во Охрид допатува првата група туристи од Данска

На традиционален начин – со погача, локум, ѓомлезе и ракија, синоќа беа пречекани првите туристи од Данска кои преку аранжмани на агенцијата „Вис-Пој“ од Охрид и оваа година ќе одмараат во Македонија, пренесува МИА. Според изјавите на првите гости од Данска, тие за Македонија и за Охрид дознале преку Интернет, и решиле да одмараат тука пред се поради убавата природа, културно-историските споменици, но и традиционалната македонска храна и македонските вина. Претставниците на туристичката агенција „Вис Пој“ појаснуваат дека веќе трета година реализираат туристички аранжмани со дански туристи во Македонија. „Минатата…

повеќе...

Зголемен бројот на туристи во земјава

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2015 година изнесува 32 806, а бројот на ноќевањата изнесува 65 472. Бројот на туристите во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година, е зголемен за 6.4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 0.7%. Бројот на домашните туристи во јануари 2015 година, во однос на јануари 2014 година, е намален за 1.0%, а бројот на странските туристи е зголемен за 12.9%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2015 година, во однос на јануари…

повеќе...

Анализа – Турците, Грците и Албанците најбројни туристи минатата година во Македонија

Анализа – Турците, Грците и Албанците најбројни туристи во 2014 година во Македонија, Холанѓаните, сеуште на неприкосновеното прво место по бројот на остварени ноќевања. Изминатата 2014 година во поглед на туристичките движења беше доста интересна. Освен зголемениот број на домашни и странски туристи, и зголемениот број на остварени ноќевања, мора да напоменеме и дека по структурата на националноста на странските туристи, т.е од која земја потекнуваат има доста интересни придвижувања. Како и минатите години така и 2014 година туристите од Турција го задржаа неприкосновеното прво место по број на странски…

повеќе...

Со директни авио – линии до поголем број странски туристи

Охрид станува дел од светската туристичка мапа. Воспоставувањето на двете редовни авио- лини Охрид- Базел и Охрид – Лондон и обратно кои стартуваат од 1-ви јули годинава, се доволна потврда дека вродија со плод заложбите на општина Охрид за туристички и локален економски раст и развој на градот. Наредните денови со потпишување на договор ќе се официјализира воспоставувањето на директната авио линија Охрид- Лондон и обратно. Компанијата „Виз Ер“ ќе оперира до лондонскиот аеродром и таа согласно условите во тендерот е обврзана да го промовира Охрид низ Светот и да…

повеќе...

Македонија тренд дестинација за финските туристи

Успешното и континуирано претставување на Македонија на нордискиот пазар, како и зголемениот број на туристи од Финска е причина повеќе за учество на најголемиот нордиски саем за туризам „Matka“ кој се одржува во Хелсинки од 15 до 18 Јануари, 2015. По успешното саемско претставување што го имавме изминатите неколку години, како и успешната презентација во 2014 година на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Кристијан Џамбазовски кои се обрати пред повеќе од 25 тур-оператори од Финска презентирајќи ги условите кои ги нуди Владата на Република Македонија за…

повеќе...

Со субвенционирање на авио линии до поголем број странски туристи

Во насока на побрз туристички развој и привлекување гости со “подлабок џеб“, Општина Охрид ќе субвенционира авио линии со намера да започнат регуларните летови од Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. За таа цел советниците од градскиот Совет на утрешната седница ќе расправаат за носење одлука за конечно објавување на огласот за субвенционирање на авио линии . Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески очекува дека ќе се пројави интерес кај авио компаниите за воспоставување директни летови од Охридскиот аеродром . „Она што е наша заложба е во текот на 2015 година да почнеме…

повеќе...