Охриѓани и посетителите на Охрид за претстојните Новогодишни и Божиќни празници можат да уживаат во празничниот амбиент. Бројни новогодишни реквизити го красат централното градско подрачје и периферните делови на градот. Годинава за прв пат украсувањето на чаршијата покрај со зеленило е дополнето со ѕвездено небо кое блесна по целата нејзина должина од градскиот плоштад до чинарот. Новина годинава е и украсувањето на Светилникот на охридското пристаниште, а на плоштадот „Св. Климент Охридски“ покрај останатите светлечки реквизити има и детски тунел. Годинава за новогодишното украсување на Охрид покрај службите од општината ангажирана…
повеќе...Tag: украси
Охридскиот Црвен крст продолжува со реализација на оригами работилници
Во рамките на едукативните програми за поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид продолжува со реализација на оригами работилници овој пат на отворено, покрај брегот на Охридското езеро-на просторот кај Центарот за безбедност на вода на Црвен крст Охрид (плажа „Парк“). На овие работилници предводени од Наташа Алексиќ – инструктор за оригами, младите ќе имаат можност да стекнат знаења и вештини и да изработуваат најразлични фигури и предмети од хартија, кои понатака, преку хуманитарни аукции ќе бидат искористени за собирање на средства за поддршка на хуманитарните активности…
повеќе...Оштетените новогодишни реквизити по снежното невреме се репарираат и заменуваат со нови
По дводневното снежно невреме и по расчистување на градските улици, општина Охрид работи на санирање и ставање во функција на оштетените новогодишни реквизити. Украсите и реквизитите што беа уништени во снежното невреме се репарирани или се заменуваат со нови. Централното градско подрачје со плоштадот и чаршијата се расчистуваат од вчера. Плоштадот од синоќа е целосно чист. Денеска се подига снежната покривка од чаршијата која целосно ќе биде чиста во текот на утрешниот ден.
повеќе...